БАЛИ & СИНГАПУР

10.03 – 21.03.2026 | 9 ноќи – 11дена | Вклучени тури и екскурзии | групно патување
Авионска програма со лет од Скопје ✈

Авионски лет: Скопје – Истанбул – Сингапур | Сингапур – Бали | Бали – Истанбул – Скопје
Поаѓање од Скопје: 10.03.2026 во 09:15ч.
Пристигнување во Сингапур: 11.03.2026 во 10:00ч.
Сместување Сингапур (09-11.02): 2 ноќевања со појадок во хотел 4* (Hotel Boss или сличен)
Сместување на Бали (11-18.02): 7 ноќевања со појадок (4 ноќи во хотел на плажа + 3 ноќи во Убуд)
Друго вклучено: Трансфери + Разглед на Сингапур + 2 екскурзии на Бали + пратител
Враќање во Скопје: 21.03.2026 во 08:25ч.

СИНГАПУР
Космополитски град – фузија помеѓу иднината и традицијта
Модерен, уреден и фасцинантен град-држава каде источната духовност и западната динамика совршено се преплетуваат. Неговата импресивна силуета со Marina Bay Sands и Gardens by the Bay ја одразува визијата на иднината, додека шарените квартови како Chinatown, Little India и Arab Street ја откриваат душата на Азија. Сингапур нуди неверојатна комбинација од култура, гастрономија, природа и модерна технологија – идеален вовед во патување исполнето со доживувања, кое продолжува кон волшебниот остров Бали!


БАЛИ
Рајскиот остров на боговите
Волшебен тропски остров кој плени со својата природна убавина, духовност и длабоко вкоренета традиција. Толку сликовит што на прв поглед се чини нереален. Опкружен со долги песочни плажи покрај екваторијалните и топли води на Индискиот и Тихиот Океан, а во внатрешноста украсен со оризови тераси, вулкани, езера, бујни џунгли, бајковити села и скулптурални храмови, Бали нуди совршен спој на авантура и мир.
Островот живее во ритамот на своите древни ритуали – секој ден исполнет со мирис на темјан, звуци на гонгови и насмевки на локалните жители кои со гордост ја негуваат својата духовност и хинду традиција. Во Беноа ќе уживате во сонцето, морето и релаксирачкиот престој на плажа, додека Убуд – духовното и уметничко срце на островот – ќе ве маѓепса со своите храмови, традиционални пазари, уметнички галерии, свети извори и спокојна природа. Со својата топлина, култура и мистична енергија, Бали е дестинација што остава траен впечаток и спомени што се паметат засекогаш.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1 ДЕН. 10.03.2026 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – СИНГАПУР
Средба на групата на аеродром ТАВ – Скопје во 07:15 часот, односно 2 часа пред закажаниот лет. Лет за Истанбул во 09:15 часот со Turkish Airlines (TK1004). Пристигнување во 12:50 и лет од Истанбул за Сингапур во 18:30 часот (TK208). Ноќен лет со оброци.
2 ДЕН. 11.03.2026 СИНГАПУР (“City” тура)
Слетување во Сингапур окулу 10 часот наутро. По подигнување на багажот и завршување со пасошко царинските формалности, не пречекуваат нашите домаќини во Сингапур и започнуваме со полудневен разглед на градот придружуван од локален лиценциран водич на англиски јазик. Започнуваме со посета на Merlion Park, каде што ќе можете да направите фотографии со симболот на градот – легендарната статуа половина лав, половина риба, која гордо гледа кон заливот Marina Bay.
Потоа ќе прошетаме низ шарениот кинески кварт – Chinatown, исполнет со традиционални куќи, локални ресторани и храмови што ја раскажуваат богатата кинеска историја на Сингапур.
Следува посета на Little India, живописен кварт каде што воздухот мириса на зачини и свежо цвеќе, а шарените базари ја пренесуваат топлината на индиската култура. Патувањето продолжува кон Arab Street и Kampong Glam – историското малезиско муслиманско подрачје, каде што доминира златната купола на величествената Султан Џамија (Sultan Mosque), опкружена со бутици, продавници за текстил и кафулиња.
Разгледот завршува со посета на Националната градина со орхидеи, дел од Ботаничката градина на Сингапур, прогласена за светско наследство под заштита на УНЕСКО. Ќе уживате во прекрасно уредени патеки со повеќе од илјада видови и две илјади хибриди на орхидеи, меѓу кои и сорти именувани по познати личности и светски лидери. По завршувањето на турата, следи трансфер до хотелот, превземање на собите и местување. Слободна вечер за одмор и индивидуални прошетки низ овој фасцинантен град. Ноќевање.


3 ДЕН. 12.03.2026 СИНГАПУР (факултативна тура)
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки и активности, или за комплетно доживување предлагаме сеопфатна целодневна факултативна тура:
ГРАДИНИТЕ НА ИДНИНАТА, КРСТАРЕЊЕ ПО РЕКА СИНГАПУР И МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СЕНТОЗА:
Посета на спектакуларните Gardens by the Bay, футуристички парк кој претставува вистинско чудо на современиот дизајн и ботаника. Ќе ги разгледате двете главни стаклени градини – Flower Dome, најголемата стаклена градина во светот со растенија од медитерански и суви региони, и Cloud Forest, со бујна тропска вегетација, планина обвиена во магла и водопад висок 35 метри.
Следува релаксирачко крстарење по реката Сингапур каде ќе уживате во прекрасните глетки на градот – комбинација од историски мостови, колонијални згради и модерниот Marina Bay хоризонт.
По ручекот (во сопствена режија), продолжувате кон Sentosa Island. Ќе се искачите со жичара која нуди панорамски погледи кон заливот и градот, а потоа ќе ги посетите Madame Tussauds Singapore и интерактивната изложба Images of Singapore Live, која низ приказни и ефекти ја доловува историјата на земјата. Вечерта уживајте во спектакуларното шоу Wings of Time – игра на вода, светлина и музика под отворено небо, на самиот брег на морето. По завршувањето, следи враќање во хотелот и ноќевање.


4 ДЕН. 13.03.2026 СИНГАПУР – ДЕНПАСАР (БАЛИ)
По појадокот, уживајте во слободно време пред организираниот трансфер до аеродромот Чанги – еден од највпечатливите и најубави аеродроми во светот. Искористете ја можноста да ги откриете неговите уникатни атракции, како што се Jewel Rain Vortex, највисокиот затворен водопад во светот, или Градината со пеперутки во Терминал 3. Заминувaме од Сингапур со незаборавни впечатоци од неговата култура, модерна елеганција и шарм. Лет од Сингапур кон Денпасар (окулу или нешто помалку од 3 часа).
По слетувањето и завршување со аеродромските формалности, организиран трансфер до Вашиот хотел покрај море на Бали. Превземање на собите, слободно време. Ноќевање.


5 ДЕН. 14.03.2026 БАЛИ
Појадок во хотел. Слободен ден кој предлагаме да го искористите за одмор и релаксација во Вашиот хотел и првично запознавање со волшепството на оваа дестинација. Ноќевање.

6 ДЕН. 15.03.2026 БАЛИ (Тура – “Bali Heritage”)
Појадок. Органзирана целодневна тура со професионален локален водич на англиски јазик. Тура што ги буди сите сетила –доживување кое ќе ве доближи до духовната и природна суштина на островот и низ која ќе откриеме дел од природните и културните бисери на Бали. Го посетуваме Candi Kuning Market, шарен пазар исполнет со локални овошја, зачини, чаеви и ракотворби, кој ја прикажува секојдневната автентичност на локалниот живот. Продолжуваме кон величествениот Ulun Danu Temple, познат како „Храмот на езерото“, посветен на божицата на водата. Сместен на бреговите на езерото Братан и обвиен со магична атмосфера, тој претставува симбол на духовноста и плодноста на островот. Турата завршува со посета на Jatiluwih Rice Terraces, спектакуларни оризови тераси под заштита на УНЕСКО – место каде зеленилото, тишината и уметноста на земјоделството се спојуваат во совршена хармонија. Враќање во хотел, ноќевање.


7 ДЕН. 16.03.2026 БАЛИ (Тура – “Bali’s Icons”)
По појадокот, се упатуваме кон уште една тура низ која ќе ги откриете најпознатите и најфотогенични симболи на островот –идиличните храмови Таман Ајун и Танах Лот. Тура која нуди вистинско доживување на духовната страна на островот и незаборавни пејзажи. Го посетуваме величествениот Tanah Lot Temple, најпознатиот храм на Бали, сместен на карпа опкружена со немирните води на океанот. Овој духовен симбол претставува моќен спој меѓу верата, морето и времето. Продолжуваме кон Taman Ayun Temple, храмски комплекс од XVII век под заштита на УНЕСКО, познат по своите пагоди, водни канали и мирна атмосфера што го одразува хармоничниот балиски дух. Турата завршува во живописната област Sanur Terrace – вистинска оаза на мирот, со тропски
градини и поглед кон тивкиот океан, совршено место за одмор и фотографии. Враќање кон хотел, ноќевање.


8 ДЕН. 17.03.2026 БАЛИ (Убуд)
Појадок во хотел и слободно време до одјавување на собите од хотелот. Организиран трансфер до хотелот во Убуд, сместување. Слободно време за откривање на ова место сместено меѓу зелените оризови тераси и тропските шуми. Како културно и духовно срце на Бали, овој град е симбол на хармонијата помеѓу природата и духовнаста. Убуд е особено познат по своите уметнички галерии, храмови, традиционални пазари и спокојна атмосфера. Ноќевање.


9-10 ДЕН. 18-19.03.2026 БАЛИ (Убуд)
Појадок во хотел. Слободни денови за релаксација и уживање покрај хотелските базени со поглед кон бескрајно зеленило, како и за индивидуални активности и прошетки низ Убуд – место каде времето тече побавно, а секој момент носи чувство на мир и инспирација. Токму овие 2 дена го одбележуваат финалето на најуникатниот фестивал и празник на Бали – “Nyepy Day” или Тивкиот Ден. Последните две ноќевања се во истиот хотел во Убуд.
11 ДЕН. 20.03.2026 БАЛИ – ИСТАНБУЛ
Појадок и одјавување на собите според хотелските правила. Слободно време до попладневните часови кога ќе биде организиран трансфер кон аеродромот во Денпасар. Вечерен лет за Истанбул во 22:00 часот со Turkish Airlines (TK311). Оброци во авион.
12 ДЕН. 21.03.2026 ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Пристигнување во Истанбул окулу 06:25 часот наутро и лет за Скопје во 08:55 часот локално време. Пристигнување во Скопје утрото во 08:25 часот.

Во цената е вклучено:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Сингапур | Сингапур – Денпасар | Денпасар – Истанбул – Скопје.
  • Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 4* во Сингапур (Hotel Boss 4*, или сличен)
  • Панорамска полудневна “City” Тура на Сингапур со локалне водич на англиски јазик.
  • 4 ноќевања со појадок во хотел 5* на плажа на Бали (Nikko Bali 5*, или сличен).
  • 2 тури на Бали со локален водич на англиски.
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во местото Убуд на Бали (Best Western Premier 4*, или сличен).
  • Сите трансфери според програма (аеродром – хотел – аеродром во Сингапур и Бали)
  • Придружник на групата за време на престојот, локални водичи, организација на аранжманот.

Во цената не е вклучено:

  • Патничко здравствено осигурување.
  • Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
  • Влезна виза за Индонезија.
  • Туристичка такса за Бали – се плаќа онлајн еднократно ( https://lovebali.baliprov.go.id/ )
  • Факултативна тури и екскурзии

Целодневна Факултативна тура во Сингапур:
ГРАДИНИТЕ НА ИДНИНАТА, КРСТАРЕЊЕ НА РЕКА СИНГАПУР И И МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СЕНТОЗА
Цена: 300 еур / лице (за минимум 8 пријавени патници, пријавување во агенција)
Целодневна тура во програмата опишана под ден 3, која вклучува:

  • Влезници за стаклените градени (Flower Dome & Cloud Forest Dome)
  • Крстарење со брод по река Сингапур (45 мин)
  • Жичара (кон Sentosa Island)
  • Влезници за Madame Tussauds Singapore и Images of Singapore Live
  • Влезница за шоу Images of Singapore Live
  • Превоз од / до хотел.
  • Локален лиценциран водич на англиски јазик за време на турата.

Важни Забелешки:

  • Сите пасоши мора да имаат важност од најмалку 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата. Одговорност за проверка на валидноста на патните исправи носи исклучиво патникот.
  • За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
  • За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна дваесет (20) дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патуваоето го задржува правото, во слушај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродрпмски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни или вонредни причини.
  • За реализација на факултативните екскурзии по дадените цени постои минимален број на пријавени патници и доколку истиот не се исполни цената може да биде соодветно корегирана.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
  • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • За оваа програма важат Општите Услови на Патување


Сингапур
Сместен во срцето на Сингапур, во близина на Лавендер и Бугис, Hotel Boss нуди модерно сместување со повеќе од 1.500 соби,сезонски базен на покрив, бесплатен WiFi и одлична локација за шопинг и разгледување на градот.


Бали – Беноа
Луксузен пет-ѕвезден хотелски комплекс директно на плажа во Танджунг Беноа, Hotel Nikko Bali Benoa Beach спојува балинезиска архитектура и јапонско гостопримство. Пространи соби и апартмани, голем базен, директен пристап до плажа и богати содржини за релакс и уживање.


Бали – Убуд
Сместен меѓу оризовите полиња и џунглите над Убуд, овој хотел нуди мирно и стилско сместување: модерни соби со балкон,инфинити-базени, спа центар и бесплатен трансфер до Убуд центар. Идеален спој на природна средина и удобност

* Хотелските капацитети планирани за сместување се од информативен карактер и може да бидат променети од објективни причини во други (слични) капацитети.*