емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
СПА ВИКЕНД ВО БОГУТОВАЧКА БАЊА-СРБИЈА(17.01-19.01.2026)

Добредојдовте во реновираниот хотел и спа центар Богутовачка Бања, кој се наоѓа во мирна средина во близина на Краљева. Овој модерен хотел нуди врвни медицински услуги и удобни соби и апартмани со сите потребни содржини. Нашиот лекар и терапевт обезбедуваат персонализирани терапии базирани на лековита вода за да ви овозможат најдобро искуство за закрепнување и релаксација.
Уживајте во разни активности што ги подготвивме за вас, од прошетки во прекрасни природни пејзажи, до спортски активности и релаксирачко време во базените. Доживејте го совршеното патување што ќе ви го даде мирот и релаксацијата што ги заслужувате.
Прв ден (17.01.2025)-сабота Скопје-Богутовачка бања
Состанок со групата во 05.45 час, поаѓање од Скопје во 06:00 час, 06.30 час. – Куманово.
Се патува преку граничен премин Табановце, со лична карта, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Втор ден (18.01.2026)-недела Богутовачка бања-Манастир Жича
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.
Трет ден (19.01.2025)-ПонеделникБогутовачка бања-Скопје
Појадок. После појадокот слободно време за рекреација и индивидуални активности и 12 часот поаќање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часовиЛокација на поаѓање и враѓање
Скопје- 06:00 Куманово – 06:30
Во цената е вклучено:
- Сместување во Хотел Минерал 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања
- – Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
- Користење на базенот со лековита вода – Користење на рекреативниот базен со температура на водата до 28 степени, може да се користи во текот на целиот ден ( поврзан е со хотелот )
- Туристичка такса
- туристички придружник
Во цената не вклучено:
- факултативна посета на манастирот Жича – 10€ (доплата на лице место)
Попусти и опционални доплати:
Доплата за еднокреветна соба 2000 ден (на барање)
Дете до 4 год. во придружба на 2 возрасни (дели легло) бесплатно во хотел плаќа само превоз 2000ден (на барање),, Дете 4-10 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 4.500ден (на барање)
Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)


