НОВИ САД за Нова Година 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 3 дена / 2 ноќевања

31.декември (среда)              СКОПЈЕ – НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски“ во Скопје, во 00:30 часот после полноќ. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 01:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Краток одмор до панорамското разгледување на градот: театарот “Српско народно позориште”, со истоимениот плоштад, плоштадот на “Слобода”, на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” (една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година), улицата “Змај Јовина”, покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел и слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, Дочек на Новата 2026 година на централниот плоштад во градот. Ноќевање.

01.јануари (четврток)            ФРУШКА ГОРА  СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
Појадок. Факултативна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора (познат и како “Српска Света Гора”), како и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта  можност за факултативна вечера во национален ресторан. Ноќевање.

02.јануари (петок)                 НОВИ САД – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време до заминување од хотелот. Попатна посета на Белград. Разглед на градот: плоштадите Славија и Теразије, Булеварот на Крал Александар, Скупштина (Парламентот), црквата Св.Марко, Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, тврдината Калемегдан, Народниот Театар, Народниот Музеј, мостовите на Сава… Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Заминување кон Скопје во попладневните часови преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:        
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Dash ***, на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разглед на Нови Сад и Петроварадинска тврдина со локален водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факлутативен излет на Фрушка Гора и Сремски Карловци 25 €
– Факултативна вечера во национален ресторан
– Туристичка такса 1,5 € по лице на ден се наплатува на рецепција
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здраствено осигурување

Напомени:     
– За реализација на факултативните екскурзии, потребен е минимум од 30 патници
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– Цената е дадена по лице за пакет аранжман  во двокреветна соба
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ