емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Куќа „Христос“ – Неа Плагија

Куќа „Христос“ се наоѓа на мирна локација во центарот на Неа Плагија, на 2 минути од море, има голем прекрасно уреден двор со дел за деца и со скара и сопствен паркинг. Сите апартмани се пространи, внимателно, темелно, квалитетно уредени. Тие се со комплетно опремени кујни со голем фрижидер, шпорет, микробранова печка, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, интернет и клима вклучени во цената. Секој апартман има две тераси. Во собите нема пешкири како дел од опремата.




Цени и услови
За целосни уплати заклучно со 16 јануари, 15% попуст на сите термини а 20% попуст на термините 27.6, 4.7 и 22.8
Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
| Термин | Ноќевања | Плаќаат 1 и 2 лице | Плаќаат 3 и 4 лице |
| 30.5 – 6.6 | 7 | 139 х 2 | 55 х 2 |
| 6.6 – 13.6 | 7 | 175 х 2 | 55 х 2 |
| 13.6 – 20.6 | 7 | 219 х 2 | 55 х 2 |
| 20.6 – 27.6 | 7 | 235 х 2 | 55 х 2 |
| 27.6 – 4.7 | 7 | 249 х 2 | 55 х 2 |
– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –
Цената е објавена за наем на апартман за 7 ноќевања
| Термин | Ноќевања | Четирикреветен апартман |
| 11.7 – 18.7 | 7 | 630 |
| 18.7 – 25.7 | 7 | 700 |
| 25.7 – 1.8 | 7 | 735 |
| 1.8 – 8.8 | 7 | 735 |
| 8.8 – 15.8 | 7 | 735 |
| 15.8 – 22.8 | 7 | 700 |
– Се плаќа целиот апартман без разлика дали во него ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети –
Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
| Термин | Ноќевања | Плаќаат 1 и 2 лице | Плаќаат 3 и 4 лице |
| 22.8 – 29.8 | 7 | 255 х 2 | 55 x 2 |
| 29.8 – 5.9 | 7 | 239 х 2 | 55 x 2 |
| 5.9 – 15.9 | 10 | 239 х 2 | 55 x 2 |
| 15.9 – 25.9 | 10 | 209 x 2 | 55 x 2 |
– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –
- Бр. 2, 3, 4, 5, 6 (четирикреветни апартмани) со две тераси. Два единечни кревета во посебна одвоена спална соба и два кревета (еден до друг) во иста просторија со кујната. Бр. 2 и 3 се на 1 кат, бр. 4, 5 и 6 на приземје.



















Напомени и услови:
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
- Цените во табелите 1 и 3 се (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
- Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3,100 денари (50 евра)
- За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
- Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
- При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
- Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер
- Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
- Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Туристичката такса која од лето 2025 годин изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место.


