Куќа „Игуана“ се наоѓа на извонредна локација во центарот на Неа Плагија, прва линија до плажа, пред неа има голем прекрасно уреден парк и голем бесплатен паркинг. Во склоп на куќата има таверна и пицерија, како и сопствен бар со лежалки на плажа а во сите нив клиентите на „Игуана“ имаат 15% попуст. Во Сите студија и апартмани (со директен поглед на море или кон улица) се целосно реновирани, темелно, квалитетно и модерно уредени пред летото 2023г и 2024г. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, интернет и клима вклучени во цената. Во собите нема пешкири како дел од опремата.

Цени и услови

За целосни уплати заклучно со 16 јануари, 10% попуст на сите термини а 15% попуст на термините 27.6, 4.7 и 22.8

Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

ТерминНоќевањаПлаќаат 1 и 2 лицеПлаќаат 3 и 4 лице
30.5 – 6.67139 x 255 x 2
6.6 – 13.67175 x 255 x 2
13.6 – 20.67219 x 255 x 2
20.6 – 27.67235 x 255 x 2
27.6 – 4.77249 x 255 x 2
4.7 – 11.77259 x 255 x 2

– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –

Цени објавени за наем на студио за 7 ноќевања

ТерминНоќевањаТрикреветно студио (улица)Трикреветен апартман (море)Четирикреветно студио (море)Четирикреветен апартман (море)
11.7 – 18.77630700735770
18.7 – 25.77665735770840
25.7 – 1.87665735770840
1.8 – 8.87665735770840
8.8 – 15.87665735770840
15.8 – 22.87630700770770

Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

ТерминНоќевањаПлаќаат 1 и 2 лицеПлаќаат 3 и 4 лице
22.8 – 29.87255 x 255 x 2
29.8 – 5.97239 x 255 x 2
5.9 – 15.910239 x 255 x 2
15.9 – 25.910209 x 255 x 2

– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –

Координати: 40.25842, 23.20174

Забелешка: трикреветните студија се со брачен – француски кревет и дополнително легло, четирикреветните студија (во една соба) и апартмани (две одвоени соби) се со два брачни – француски кревета

  1. Бр. 1 (трикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон море. Посебно одвоена кујна, брачен – француски кревет и дополнително легло во спална соба.
  2. Бр. 3 на (четирикреветен апартман) 1 кат. Поглед кон море. Брачен – француски кревет во иста просторија со кујната и брачен – француски кревет во спална соба.
  3. Бр. 4 (четирикреветно студио) на 1 кат. Поглед кон море. Брачен – француски кревет и брачен – француски кревет во иста просторија со кујната.
  4. Бр. 9 (трикреветно студио) на приземје. Поглед кон улица. Брачен – француски кревет и 1 дополнително легло во иста просторија со кујната.
  5. Бр. 10 (трикреветно студио) на приземје. Поглед кон улица. Брачен – француски кревет и 1 дополнително легло во иста просторија со кујната.
  6. Бр. 11 (четирикреветно студио) на 1 кат. Поглед кон улица. Брачен – француски кревет и 2 дополнителни легла во иста просторија со кујната.

Напомени и услови:

  1. Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  2. Цените во табелите 1 и 3 се (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  3. Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  4. За возрасни 3,100 денари (50 евра)
  5. За деца до 11,99 години 2.480 денари (40 евра)
  6. Тргнувањето од Скопје е во 5 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  7. Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  8. За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  9. При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  10. Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  11. Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.