ВИЛА PASCALIA ПСАКУДИJА

100 МЕТРИ ОД ПЛАЖА

ПСАКУДИЈА е вистински медитерански бисер со долга песочна плажа,кристално чисто море и опуштена атмосфера идеална за семејства и парови.Опкружена со борови шуми и маслинови насади, ова мало приморско место нуди совршен баланс меѓу природен мир и уживања во таверни со традиционална грчка кујна,кафулиња на плажа,маркети и прошетки засенчени од борова шума по средените плажи.

Вила ПАСКАЛИА со поглед на море ви дарува летување што ќе се памети.Утринско кафе со поглед на море и вечери со совршен залез на сонцето и мирис на море.Вилата располага со трокреветно студио и четворокреветен апартман.Пред вилата има паркинг на принцип прво слободно место, достапен за гостите.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (17.05;24.05;31.05;07.06;06.09;13.09 и 20.09.2026)

ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ

И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН  ЗА 7 НОЌИ

КОРИСТЕЊЕ НА: ПАРКИНГ ,КЛИМА УРЕД , WI – FI   ( БЕСПЛАТНО)

-За пакет аранжманот во СТУДИО, АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;

– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50 € за возрасни – повратна карта;
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *