Вила Евангелиа – Јерисос

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Evangelia“ се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, во мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со 5 наши апартмани на прв и втор кат, реновирани и средени за лето 2023. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со убаво среден сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата.

Апартман број 2 (1/4+1) – втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет,  2 стандардни кревети + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со одлична кујна, која ги има сите потребни елементи. Апартманот има долга, но многу тесна тераса која гледа кон градина. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Квалитетен апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со целосно опремена одлична кујна. Пространа тераса со страничен поглед море. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 4 (1/6+1) – прв кат. Најпростран и најголем апартман во вилата. Има одвоена спална соба со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Дневната соба е со целосно опремена кујна,  има единечен кревет + кревет на извлекување и софа на пуштање ( димензија на брачен кревет) . Има пространа голема тераса со поглед позади со маса и столчиња и сопствен тоалет. Од двете соби се излегува на терасата.

Апартман број 5 (1/4) – прв кат, со поглед кон градина, има многу тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран, има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети  во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 6 (1/3+1) – прв кат, простран одличен апартман со страничен поглед море со голема тераса. Од двете соби се излегува на терасата. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба, 1 стандарден + 1 кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет и кујна со сите потребни елементи.

1. Вонсезонски цени

ТерминНоќевањаЦена по лицеапартманбр. 4Цена по лице
апартманбр. 2,3,5 и 6
26/05-02/06799109
02/06-09/067109129
09/06-16/067139169
16/06-23/067169209
23/06-30/067179229
* Задолжително плаќаат 2 лица во апартман бр. 2,3,5 и 6
* Задолжително плаќаат 3 лица во апартман бр. 4

2. Сезонски цени

ТерминНоќевањаАпартманбр. 2 и 5 градинаАпартманбр. 3 и 6 мореАпартманбр. 4 градина
30/06-07/077469499539
07/07-14/077499529569
14/07-21/077529559599
21/07-28/077529559599
28/07-04/087529559599
04/0811/087529559599
11/0818/087529559599
18/0825/087529559599
25/0801/097509539579
* цена за наем на апартман

3. Вонсезонски цени

ТерминНоќевањаЦена по лицеапартманбр. 4Цена по лице
апартманбр. 2,3,5 и 6
01/0908/097169219
08/0915/097149179
15/0922/097</
Галерија
Локација