ДАЛМАЦИЈА – Велигден 

Ве водиме во најубавиот дел од Медитеранот. Еве можност да ги посетите бисерите на Јадранот: Омиш, Макарска, Сплит, Бол на Брач со петдневно уживање покрај водите на прекрасниот Медитеран.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

01.мај (среда)         СКОПЈЕ – ОМИШ
Состанок на групата на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 23:00ч. Поаѓање на автобусот за Тиват во 23:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

02.мај (четврток)            ОМИШ 
Во предпладневните часови пристигнување во Омиш. Сместување на групата во хотелот Брзет. Краток одмор. Слободно време – релаксација на прекрасната плажа на комплексот Брзет. Прошетка по крајбрежното шеталиште до центарот на Омиш. Разгледување на центарот и стариот дел на градот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

03.мај (петок)          ОМИШ – Радманови Млинови
Појадок. Слободно време на плажата на комплексот Брзет или на Големата плажа на Омиш (единствена толку голема песковита плажа во овој дел на Далмација) можете да ја посетите и гусарската тврдина над Омиш. Можност за факултативна посета на атрактивните Радманови Млинови. (Од Омиш се оди со мали бродчиња по течението на реката Цетиња до Старата Воденица, каде гусарите со своите мали бродчиња се криеле од венецијанските галии. Тука гостите можат да се насладуваат со далматинска пршута, сирење и маслинки Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

04.мај (сабота)        ОМИШ – БРАЧ
Појадок. Слободно време за релаксација на плажата. Факултативна посета на Островот Брач со рибен пикник. Кружно крстарење околу Островот Брач. Посета на прекрасното градче Бол на Брач со посета на знаменитата куќа Куча у кучи и една од најубавите плажи во светот по сите туристички истражувања Златен Рат. На враќање при пловењето кон Омиш богат ручек (со риба и скара) на бродот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

05.мај (недела)       ОМИШ – СПЛИТ
Појадок. Факултативна посета на Сплит. Присуство на Утринската Велигденска Литургија во православниот храм во Сплит. Разгледување на Диоклицијановата Палата и Стариот дел на Сплит. Искачување на ридот Марјан од каде се пружа прекрасна гледка на целиот град и морската ширина. На враќање од Марјан можност да се ужива во прекрасните кафетерии под палмите на Сплитската Рива. Тргнување за Омиш. Вечера. Ноќевање.

06.мај (понеделник)
Појадок. Околу 10 часот напуштање на собите во хотелот и тргнување за Макарска.Разгледување на светилиштето Веприц каде ке можете да наполните света водичка. Пристигнивање во Историскиот дел на градот. Разгледување на Стариот Град со сите знаменитости како Плоштадот и црквата на Св.Марко, Фрањевачкиот Манастир (со најголемиот музеј на школки), Макарскиот Музеј и посета на Ривата со познатата слаткарница и нејзината светски позната торта Макарана. Потоа тргнување за Македонија со попатни застанувања за одмор. Пристигнување во Скопје некаде околу полноќ.


Доплата за 1/1 соба е 30% од цената на аранжманот

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со современ туристички автобус
– Сместување во хотелот Брзет во Омиш во двокреветни и трокреветни соби, на база четири полупансиони: појадок/buffet , вечера по мени -(предходната вечер се избира едно од трите понудени јадења)
– Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот
– Трошоци за организација на патувањето траектите и такси.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна посета на Радманови Млинови 15€
– Факултативна посета на Сплит 15€
– Крстарење со брод околу Брач со посета на Бол и Плажата Златен Р“т со ручек на бродот 45€
– Патничко осигурување
– Влезници за музеите

НАПОМЕНИ:
– За остварување на турата потребни се минимум 39 пријавени патници.
– За остварување на Крстарењето околу Брач потребни се минимум 30 пријавени патници.
– Агенцијата го задржува правото за промена на времето на изведување на екскурзиите, доколку времените услови се неповолни.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ .