Атина, Пелопонез и Делфи за 23-ти Октомври 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевањa

22 октомври (четврток)     СКОПЈЕ  АТИНА
Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

23 октомври (петок)     АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака… Сместување во хотел. Вечерта, можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

24 октомври (сабота)     АТИНА  ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

25 октомври (недела)     АТИНА  ДЕЛФИ  СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од Атина кон археолошкиот локалитет Делфи во подножјето на планината Парнас. Патувањето води преку древната Теба, кон едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во Грција. Посета на археолошкиот локалитет (античко светилиште на богот Аполон) и локалниот музеј. Според митологијата, свештеничките ”Питии” тука им ја претскажувале иднината на античките кралеви и намерници. Во попладневните часови патот продолжува покрај Термопилите со попатна посета на споменикот на Спартанците од битката со Персија. Дневно и ноќно возење покрај Тесалија и планината Олимп, со попатни одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 170 € (10.540 мкд) со вклучени 2 разгледа (Атина и Делфи)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Организиран разглед на Атина и Делфи) со посети според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезница за Акропол – околу 30€ (цената е променлива)
– Влезници за Микена – околу 20€ (цената е променлива)
– Влезници за Епидаурус – околу 20€ (цената е променлива)
– Туристичка такса 1.5-5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел (цената е во зависност од периодот на престој)
– Факултативна вечера во национален ресторан –  35 € по лице
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Факултативен разглед на Пелопонез и Арголида – 35 € по лице
– Патничко здраствено осигуривање (информации во агенција)

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
– За патување потребено е да се поседува валидна лична карта или биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци. 
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување 
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
– За овој аранжман важат Општите услови за патување