емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Хотел “PANTHEON” – Олимпик Бич
Хотел “Pantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Стилно опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/3 – 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за коса, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ – LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен интернет во студијата, на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТ. Студијата се на III кат. Ви посакуваме пријатен престој.
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
- Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот на автобуската постројка до плажата.
- Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
- Доплата за клима – 7€ од ден (на рецепција);
- Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- Доплата за патничко осигурување.
Галерија
Локација
GPS Coordinates: 40.238531, 22.587753