Вила Галанос – Никиана, Лефкада

Вила Галанос – Никиана, Лефкада (Б кат) се наоѓа на 30 метри од плажа на самиот влез во местенцето. Песочната плажа веднаш под вилата (преку улица) е беспрекорно чиста и идеална за деца и возрасни.
Сместена е на мало зелено живописно узвишение со цвеќиња и дрвја (маслинки, чемпреси, цвеќиња, зеленички, мирти, круши, калинки и др.) со уникатен поглед од  терасите и поплочени дворови.
Вилата располага со сопствен паркинг за сите гости како и  мало пристаниште е на 50 метри. Вила Галанос се наоѓа на зелен рид на 6.000 квадратни метри од уникатен природен терен и поглед од секаде, веднаш до морето. Вреди да го запознаете само поради разновидноста на дрвја и цвеќиња. Спаѓа во висока категорија и е мало семејно сместување со комфорни, едноставни и секогаш чисти студија. Микроклимата на областа во вилата Галанос (рид до морето со многу дрвја секогаш ви обезбедува свежа средина и во лето). Затоа сопствениците избрале имиња на воздух за да ве запознаат со апартманите и студијата од куќата. Околу вилата има се за вашиот одмор (супер маркет, таверни, пекари, кафулиња, месарници, рурален лекар, автобуска станица, школи за скијање и нуркање, кајак, сурфање итн.).  Студијата се комплетно опремени со кујна, фрижидер, големи тераси (некои со поглед на море), клима (со доплата), како и лице задолжено за сите потреби на гостите.

GPS: 38.76108445672136, 20.718902513970786

Време на поаѓање кон Грција:

01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Време на заминување од Грција:
Бус Лефкада-Врахос-Парга
(времињата се по ГР време)

Агиос Никитас 13.00 часот
Нидри 14.00 часот
Никиана 14.30 часот
Врахос 15.30 часот
Амудиа 16.00 часот
Парга 16.30 часот

Галерија

Локација