Неа Рода – M&B Boutique

Неа Рода – M&B Boutique

Неа Рода е мало, но живописно село на североисточниот брег на Халкидики, Грција. Се наоѓа на потегот на полуостровот Атос, во близина на морето, и е познато по својата природна убавина и мирна атмосфера. Неа Рода има пристап до прекрасни плажи, со кристално чисто море и спокојни води, идеално за одмор и рекреација.

Вила M&B Boutique се наоѓа во централниот дел на градот на само 70 метри од градската плажа. Вилата располага со трикреветни студија со дополнително легло и четворокреветни апартмани. Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Кујна опремена со: кујнски прибор, апарат за кафе/нескафе, тостер, електричен бокал за вода и фрижидер. Клима (вклучена), сопствено купатило опремено со сите средства за лична хигиена, пешкири, тераса и сопствен паркинг. Секојдневно чистење на собите. Во цената е вклучено неограничено користење на вода, кафе, двопек, путер, џем, мед, млеко за кафе.

BLACK FRIDAY – 10% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 29.11 до 04.12.2024 (минимум уплата од 50% и доплата до 31.01.2025)

ТерминНоќевања1/3+1 студио1/4+1 апп
25.057 ноќи350 450 
01.067 ноќи400 550 
08.067 ноќи440 €650 €
15.067 ноќи550 €750 €
22.067 ноќи650 850 €
29.067 ноќи750 950 €
06.077 ноќи850 1150 
13.077 ноќи950 125
20.077 ноќи1050 135
27.077 ноќи1050€135
03.087 ноќи1050€135
10.087 ноќи10501350 €
17.087 ноќи1050€135
24.087 ноќи9501250 €
31.087 ноќи7501150
07.097 ноќи650850 €
14.097 ноќи550 €750 €
21.097 ноќи400 €600 €

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€

деца до 12 години 40 € / Еден правец 35 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.