емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Mediterranean Splendor Португалија, Франција, Мароко и Шпанија

Скопје · Лисабон · Танжер · Валенсија · Палма де Мајорка · Сет · Барселона · Скопје
Поаѓање од Скопје11.12.2026 Почеток на крстарење12.12.2026
Редовна – €1.960
Цена со попуст €1.149
Цената важи до 14.09.2026
71.238 мкд · по лице во двокреветна кабина

Програма
ден1
Скопје — Мадрид — Лисабон Лет во 17:05
Состанок на групата и поаѓање за Мадрид со WizzAir лет во 17:05 часот. Пристигнување во Мадрид во 20:45 часот, од каде продолжуваме со автобуски превоз до Лисабон (околу 8 часа пат).
ден2
Лисабон
Чекирање на брод 12:00–16:00
Пристигнување во Лисабон во раните утрински часови. Мала прошетка низ градот, потоа чекирање на крузерот. Чекирањето е од 12:00 до 16:00 часот. Сместување во кабините. Слободно време за одмор и запознавање со бродот. Вечера и ноќевање на брод.
ден3
Лисабон – Испловување во 18:00
Појадок. Слободно време за шетање и истражување на Лисабон. Лисабон е познат по своите живописни улички, традиционалните жолти трамваи, прекрасните видиковци и автентичниот португалски дух. Можности за факултативни излети. Враќање на брод до 17:00 часот и оттука започнува незаборавната авантура по Медитеранот. Вечера на брод. Ноќевање и ноќно крстарење кон Мароко.
ден4
Танжер, Мароко
Пристигнување 13:30 · Испловување 19:30
Појадок. Пристигнување во Танжер околу 13:30 часот. Ручек. Можност да прошетате низ живописната Медина, да ги истражите тесните улички и традиционалните пазари, да уживате во погледот кон Гибралтарскиот проток и да почувствувате дел од автентичната мароканска атмосфера. Можности за факултативни излети и посета на интересни знаменитости. Враќање на бродот до 18:30 и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Шпанија.
ден5
Ден на море
Пловење кон Шпанија
Ден на море, пловење кон Шпанија. Појадок, ручек и вечера на крузерот. Не може да здосади денот — од релаксирање покрај некој од баровите или рестораните, искористувајќи некои од спа третманите кои се нудат на крузерот, до различните забавни програми: караоке, учење нов танц, нов јазик, музика во живо и што уште не. Ноќевање и крстарење во ноќните часови кон Валенсија.
ден6
Валенсија, Шпанија
Пристигнување 08:00 · Испловување 18:00
Пристигнување во Валенсија во 08:00 часот. Појадок. Слободно време за шетање низ Валенсија — град со прекрасна комбинација од богато историско наследство, модерна архитектура и медитерански дух. Може да прошетате низ живописниот стар град, да уживате во сончевите плажи и да ја вкусите познатата паеља, која потекнува токму од овде. Можности за факултативни излети и посета на најзначајните знаменитости на градот. Вклучен ручек и вечера. Испловување од Валенсија во 18:00 часот. Ноќевање и крстарење до Палма де Мајорка.
ден7
Палма де Мајорка
Пристигнување 08:00 · Испловување 17:00
Пристигнување во Палма де Мајорка во 08:00 часот. Појадок. Слободно време за шетање и истражување на градот кој плени со својата медитеранска атмосфера, прекрасните плажи и богато историско наследство. Може да прошетате низ шармантниот стар град, да уживате во крајбрежјето и да ги откриете живописните улици. Можности за факултативни излети и посета на најатрактивните места на островот. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 17:00 часот. Ноќевање и крстарење до Франција.
ден8
Сет, Франција
Пристигнување 10:30 · Испловување 19:00
Пристигнување во Сет околу 10:30 часот. Појадок. Слободно време за шетање и истражување на Сет, прекрасно пристанишно градче познато по своите канали, рибарска традиција и прекрасната крајбрежна атмосфера. Може да прошетате покрај каналите и пристаништето, да ги истражите тесните улички на градот и да уживате во локалните морски специјалитети. Можности за факултативни излети и посета на околните атрактивни места. Ручек и вечера на брод. Испловување во 19:00 часот. Ноќевање и крстарење до Тарагона.
ден9
Тарагона (Барселона) — Скопје
Пристигнување 09:30 · Лет во 16:15
Пристигнување во Тарагона (Барселона) во 09:30 часот каде завршува ова преубаво крстарење. По појадокот, багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж. Одјавување од бродот и слободно време за прошетка низ еден од најубавите медитерански градови — Барселона. Поаѓање кон Скопје со WizzAir лет во 16:15 часот. Пристигнување во Скопје во 19:00 часот.

Вклучено
- 7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Discovery
- Повратни авионски билети Скопје – Мадрид – Барселона – Скопје
- Автобуски трансфер од аеродром до пристаништето
- Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 EUR
- Забава на брод со безброј разни активности и анимации
- Полн пансион со безалкохолни пијалаци за време на оброците и ужина
- Филтер кафе, чај, вода и сокови вклучени во одредено време
- Основен Wi-Fi интернет
- Туристички претставник
Не е вклучено
- Медицински услуги
- Виза за Мароко 100 EUR
- Индивидуални трошоци за екскурзии и излети кои се нудат дополнително на бродот
- Услуги во спа центарот и услуги за убавина
- Патничко осигурување
- Факултативни излети
- Препорачан бакшиш за водичот: 1 EUR на ден од возрасно лице
Напомени
- Чекирањето на бродот е од 12:00 до 16:00 по локално време.
- За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од минимум 6 месеци.
- Индивидуални излети и посети, и сѐ друго што не е споменато во програмата, е со доплата.
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
- За резервација е задолжителна уплата од 50% депозит; целосна доплата 30 дена пред патувањето.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и Celestyal.
- За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
- Цената важи до 14.09.2026.


