Крстарење – Idyllic Greece

Скопје · Атина · Кушадаси · Родос · Крит · Санторини · Миконос · Атина · Скопје

Опис на патувањето

Откријте ја богатата историја, фасцинантната култура и превкусната храна на грчките острови и тоа со најновиот крузер на Celestyal Journey. Ве покануваме да ги доживеете пејзажите, да ги вкусите традиционалните јадења и да ги истражите шармантните села со нашето осумдневно крстарење. Посетете ја Миноската палата во Кносос и интригантниот град Ефес, еден од најдобро зачуваните археолошки пронаоѓалишта на источниот Медитеран.

Нашето крстарење ќе Ве одведе на романтична и опуштена одисеја до сончевите брегови, рибарските села и значајните историски места. Ќе имате можност да ги истражите скришните места и да се впуштите во едно автентично искуство.

Поаѓање од Скопје23.10.2026

Почеток на крстарење24.10.2026

50.778 мкд · по лице во внатрешна кабина

Цената важи за резервации до 30.09.2026

Celestyal Journey
Cruiser Celestyal Journey

Категорија: Крузер

Поаѓање

24.10.2026 од Атина

Ноќевања на брод

5 ноќи

Пристаништа

Атина · Кушадаси · Родос · Крит · Санторини · Миконос

Храна

Полн пансион со безалкохолни пијалаци

Програма за патување

1 ден

Скопје

Поаѓање за Атина

Состанок на групата и поаѓање за Атина со автобус.

2 ден

Атина Чекирање 12:00–16:00 · Испловување 17:00

Од 12 до 16:00 часот чекирање. Бродот испловува во 17:00 часот и започнува незаборавната авантура по Егејот од античкиот град на светлината — Атина. Вечера на брод. Ноќевање и ноќно крстарење кон Кушадаси.

3 ден

Кушадаси

Пристигнување 08:00 · Испловување 18:00

Појадок. Пристигнување во Кушадаси во 08:00 часот. Ручек. Слободното време може да го искористите за прошетка по убавото крајбрежје, прошетка и шопинг во големата чаршија, како и дегустација на некои од локалните специјалитети. Можност за факултативна екскурзија — посета на Ефес или некои други. Враќање на бродот и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Родос.

4 ден

Родос

Пристигнување 08:00 · Испловување 18:00

Пристигнување во Родос во 08:00. Појадок. Импресивниот пејзаж на Родос беспрекорно ги спојува драматичните антички и историски локалитети со шармантните модерни ридски села. Тука ќе ја посетите величествената средновековна тврдина на Акрополот во Линдос, сместена на врвот на карпа над кристално чистото Егејско Море, и ќе ги истражите калдрмите и тесните премини во Стариот град, каде што ќе откриете раскошна архитектура со османлиско и италијанско влијание. Ручек. Поаѓање од Родос во 18:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Крит (Агиос Николаос).

5 ден

Крит (Агиос Николаос)

Пристигнување 08:00 · Испловување 20:00

Пристигнување во Крит во 08:00. Појадок. Во Крит ќе имате можност да ги видите импозантните ѕидини од 16-ти век на тврдината Кулес. Слободно време за посета на малите критски села или палатата на Кносос. Можност за резервација на некои факултативни екскурзии. Ручек. Поаѓање од Крит во 20:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Санторини.

6 ден

Санторини и Миконос

Санторини 07:00 · Миконос 18:00 · Испловување 23:59

Пристигнување во Санторини во 07:00 часот. Појадок. Слободно време за уживање во убавините на овој магичен вулкански остров. По желба, можете да се пријавите за некоја од факултативните екскурзии и да ги откриете најпознатите места на Санторини — живописната Оја и Фира, препознатливите бели куќи со небесно сини куполи, спектакуларните погледи кон калдерата и уникатниот вулкански пејзаж на островот. Во 13:00 часот испловување од Санторини кон Миконос. Ручек на крузерот. Пристигнување во Миконос околу 18:00 часот. Време за прошетка низ шармантните тесни улички на Хора, откривање на познатите ветерници и уживање во прекрасното зајдисонце над островот. Вечерта продолжува со можност да ја почувствувате препознатливата космополитска атмосфера на Миконос, со бројните кафулиња, барови и ресторани, како и познатиот динамичен ноќен живот. Испловување од Миконос во 23:59 часот. Ноќевање и ноќно крстарење до Атина.

7 ден

Атина — СкопјеПристигнување 07:00 · Поаѓање за Скопје

Пристигнување во Атина во 07:00 часот каде завршува ова преубаво крстарење. Појадок. Багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж. По појадокот одјавување од бродот и панорамски разглед на Атина, а по разгледот во попладневните часови поаѓање за Скопје.

Што е вклучено:

  • 5 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Journey
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Атина – Скопје
  • Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 EUR
  • Забава на брод со безброј разни активности и анимации
  • Полн пансион со вклучени безалкохолни пијалаци за време на оброците и ужина
  • Филтер кафе, чај, вода и сокови вклучени во одредено време
  • Основен Wi-Fi интернет
  • Туристички пратител
Не е вклучено

  • Медицински услуги
  • Индивидуални трошоци за екскурзии и излети кои се нудат дополнително на бродот
  • Услуги во спа центарот и услуги за убавина
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Препорачан бакшиш за водичот: 1 EUR на ден од возрасно лице
  • Туристичка такса на островите
Важни информации
  • Чекирањето на бродот е од 12:00 до 16:00 по локално време.
  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од минимум 6 месеци.
  • Индивидуални излети и посети, и сѐ друго што не е споменато во програмата, е со доплата.
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
  • За резервација е задолжителна уплата од 50% депозит; целосна доплата 30 дена пред патувањето.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и Celestyal.
  • За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
  • Цените важат за резервации до 30.09.2026.