ВИЕНА

АВТОБУС

  Автобус 5 дена/ 2 ноќевања

ВИЕНА – актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја.
Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови,
како и со богатите уметнички колекции… шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн,Моцарт… Во Виена е се посебно, од убавината на неговата панорама до вкусот на колачте.

30.12. 2021 (четврток)                      СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 11:30 часот. Тргнување за Виена во 12:00 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

31.12.2021 (петок)                               ВИЕНА- шопинг центар Parndorf 

Пристигнување во предпладневните часови. Посета на аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2022 – плоштад РАТХАУС (Rathaus Wien). Враќање во хотел во договорено време.  Ноќевање.

01.01.2022 (саботa)                           ВИЕНА

Појадок. По појадокот, факултативно, следи панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере (без влез), Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот… Слободно време за индивидуални активности во центарот на Виена и уживање во Новогодишната атмосфера низ украсените улици на Виена. Враќање во хотел. Ноќевање.

02.01.2022 ( недела)                            ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета со локален водич на  дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на  Хабзбуршката монархија , изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за  животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф… Слободно време за индивидулани активности. Во договорено време, факултативна посета на Дунавската Кула. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови, со попатни паузи за одмор и пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.

За рана уплата до 27 Ноември   ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 10.480 ден. (169 евра)

РЕДОВНА ЦЕНА : 11.720 денари (189 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

– Сместување во Хотел  3***  во Виена на база 2 ноќевања со појадок

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

– Посета на шопинг центар Parndorf

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Организиран разглед на Виена 15 евра

– Посета на Шенбрун со вклучена влезница 30 евра

– Дунавска кула 20 евра

– Влезници во музеите и културно – историските споменици

– Патничко-здравствено осигурување – задолжително

НАПОМЕНИ:

-Организиран трансфер од: Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Неготинои, Велес… со доплата 1200 ден. од лице (доколку има минимум 6 патници заинтересирани за трансфер)

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

-За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

-Цените се дадени во eвра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари

-Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

-Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите по денови од за него оправдани и објективни причини.

Галерија