емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ВЕЛИГДЕН ВО СЛОВЕНЕЧКА ИСТРА
ПОРЕЧ-СОЛАНА СЕЧОВЉЕ-ПИРАН-ПОРТОРОЖ-ИЗОЛА-КОПЕР-РОВИЊ
ТАМУ КАДЕ МОРЕТО ГО ЉУБИ ЗЕЛЕНИОТ ДЕЛ ОД ЕВРОПА
(02.05.2024-07.05.2024)
Словенечкиот брег има три должини, во зависност од тоа кој ќе го запрашате: Италијаните, Хрватите или Словенците. Шегата на страна, ако ја гледаме Словенија како школка, тогаш Копер, Изола, Пиран и Порторож се нејзините бисери… На простор од само 43 километри крајбрежје, Словенците успеале да сместат најголемо пристаниште, стар град бисер и монденско летувалиште… Пред нас е приказната за Словенечкиот дел од Истра која ја започнуваме и завршуваме со Хрватска!
Прв ден: 02.05.2024 година (четврток)
Поаѓање на групата од Кавадарци во 16.30 часот и од Скопје во 18.00 часот (пред туристичките агенции ) кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Втор ден: 03.05.2024 година (петок)
Пристигнување во Пореч во пладневните часови. Сместување во хотел „Porec“ 3 *** (www.hotelporec.com) кој се наоѓа на само 200 метри од строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето. Потоа организиран разглед со локален туристички водич на Пореч, градот кој нуди интересна мешавина на средновековно наследство. Најпозната знаменитост е Еуфразијевата базилика од VI век, прекрасна градба од ранохристијанската архитектура ставена на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Слободно време за индивидуални прошетки во градот. Ноќевање.
Трети ден: 04.05.2024година (сабота)
Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет во Словенечкиот дел од Истра. Овој крај во минатото бил многу поврзан со Венеција, а во центарот на областа била Соланата во Пиран. Во времето на најголемата Венецијанска моќ, Млечанците зимале 90 % од солта која овде се произведувала. Тие одамна заминале, а соланата работи и денес и произведува сол на традиционален начин, исто како и пред 700 години. Комплексот е прогласен за парк на природата и е отворен за туристите, па така и ние ќе го започнеме запознавањето со овој дел од Истра со посета на соланата Сечовље. Организиран разглед, а потоа се упатуваме кон Пиран, најпознатиот и најживописниот од сите градови кои ќе ги посетиме во Словенија, градот каде боите оживуваат, каде секоја прошетка се претвара во авантура и каде убавината чека на секој агол. Градот е препознатлив по својата Венецијанска архитектура, по тесните калдрмисани улици и шармантните дуќанчиња, по волшебниот амбиент во ова мало место кое има голема душа. Ако само Ви напоменеме дека централниот плоштад го носи името на познатиот виртуоз кој е роден токму во Пиран, Тартини, автор на една од најпознатите и најкомплицирани композиции за виолина “Ѓаволски трилер’ која наводно во сонот му ја отсвирил самиот ѓавол, тогаш ќе Ви стане сосема јасно зошто овој град е толку волшебен. По организираниот разглед слободно време за индивидуални прошетки. Денот го завршуваме во Порторож, бисерот на Јадранското Море, најпознатото летувалиште кое изобилува со преубави плажи, термални извори и богата историја. Ова е совршено место за уживање и прошетки покрај долгото шеталиште. Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот во Пореч. Ноќевање.
Четврти ден: 05.05.2024 година (недела)
Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на уште еден целодневен излет во Словенечкиот дел од Истра. Се упатуваме кон Изола, слаткото мало рибарско место од каде ќе ја започнеме нашата авантура. Стариот дел на градот се наоѓа на некогашен остров, а душата на Изола најдобро може да се почувствува со прошетката покрај старото рибарско пристаниште кое во последните неколку години изобилува со импресивна флота на луксузни јахти и други бродови. Слободно време за индивидуални прошетки, а потоа се упатуваме кон Копер, градот на кои Млечаните своевремено му го дале името „Главата на Истра“. Првиот впечаток е дека тоа е едно огромно пристаниште, но кога добро ќе зачекориме низ него ќе наидеме на еден прекрасен средновековен град кој не случајно е вклучен во Здружението на историски градови. По организираниот разглед слободно време за индивидуални прошетки низ градот кој ќе не` пречека со експлозија на венецијанска архитектура, уметност, историски градби и вкусни кулинарски спецјалитети. Во договореното време се враќаме назад во Пореч. Ноќевање.
Петти ден: 06.05.2024 година (понеделник)
Појадок. Се одјавување од хотелот и заминуваме кон Ровињ, најромантичното место на Медитеранот, градот кој многумина го нарекуваат Монте Карло на истарската ривиера за тука да ја завршиме оваа неколкудневна убавина. Тоа е еден од најчесто фотографираните хрватски градови, со разнобојни куќи кои како да се издигаат од морето кон катедралата Свети Еуфемија, со камени поплочени улици полни со уметнички галерии, со ренесансни и барокни палати… Разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови ја напуштаме оваа сентиментална морска атмосфера и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови во вторник на 07.05.2024 година.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………319 евра (19.780 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Три ноќевања со појадок во хотел „ Porec“ 3*** во Пореч
– Влезница во соланата Сечовље
– Лиценциран туристички водич во Пореч, Порторож, Пиран, Изoла и Копер
– Посета на Ровињ
– Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
– Доплата за еднокреветна соба – 75 евра
– Туристичка такса…1.6 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
– Патничко осигурување
НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници