Велигден во Ормос Панагиас 

Програма на патувањето:

01.05.2024 (среда) Скопје – Ормос Панагиас 

Состанок на групата на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните) 03.30 часот. Поаѓање кон Грција во 04.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на гранични формалности. Пристигнување во Ормос Панагиас и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација. Препорачуваме посета на плажата Трани Амудија оддалечена на 450м од хотелот. Ноќевање.

02.05.2024 (четврток) Ормос Панагиас 

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и релаксација. Препорачуваме посета на плажата Латура оддалечена на 650м од хотелот. Ноќевање.

03.05.2024 (петок) Ормос Панагиас 

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и релаксација. Препорачуваме посета на плажата Лагониси оддалечена на 1,2км од хотелот. Ноќевање.

04.05.2024 (сабота) Ормос Панагиас 

Појадок. Ден предвиден за целодневно факултативно крстарење од Ормос Панагиас до Света Гора – Атос. Враќање во доцните попладневните часови во Ормос Панагиас. Ноќевање.

05.05.2024 (недела) Ормос Панагиас 

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности и прошетки. Попладне организиран велигденски ручек во таверна на сама плажа пред хотелот со богато национално мени и музика. Ноќевање.

06.05.2024 (понеделник) Ормос Панагиас – Скопје

Појадок. Напуштање на собите до 10 часот. Заминување за Солун. Попатна посета на трговскиот центар Mediterranean Cosmos. Во договорено време со водичот на групата заминување кон Македонија. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

Цени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз на наведената релација

– Сместување во Хотел Angelina (ex. Angelos)** во Ормос Панагиас на база 5 ноќевања 

– Исхрана на база ноќевање со појадок (шведска маса)

– Велигденски ручек во таверна на сама плажа пред хотелот со богато национално мени и музика 

– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување 

– Туристичка такса 1,5€ по соба од ноќ доплата на рецепција во хотел 

– Факултативно целодневно крстарење до Света Гора – Атос – 35€ возрасен, 20€ дете 6-12год 

– Индивидуални неспоменати трошоци 

Попусти и опционални доплати:

– Еднокреветна соба доплата од 80€ на цената на аранжманот 

– Дете 2-12 год во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 60€ 

– Трет возрасен на дополнителен кревет -10% од цената на аранжманот 

– Намалување за сопствен превоз -20€  по лице 

НАПОМЕНИ: 

– За ова патување Важат Општите Услови на СКТМ .

– За патувањето потребен е валиден пасош минимум 3 месеци пред истек од датумот на враќање. 

– За реализација на овој аранжман потребен е минимален број од 40 патници.

–  Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд. 

Локација