емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
СТОКХОЛМ
22.09
сигурна реализација
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
22. Септември (Петок) СКОПЈЕ – СТОКХОЛМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16.45 часот. Авионот за Стокхолм полетува во 18.45 и слетува во 21.45 часот. Сместување во хотел. Ноќевање.
23. Септември (Сабота) СТОКХОЛМ
Појадок. Разглед на градот кој лежи на 14 острови: Градското собрание во чија златна сала се доделуваат Нобеловите награди и за Швеѓаните е најубавата зграда во земјата, кралската опера, кралските градини, парламентот… Пешачка прошетка до островот каде што се наоѓа стариот дел на градот, Гамла стан, со еден од најдобро зачуваните средновековни квартови во Европа. Популарниот плоштад Сторторгет, музејот на Алфред Нобел, средновековната катедрала и кралската палата, која сè уште е официјална резиденција на шведското кралско семејство и со 608 соби е меѓу најголемите палати во Европа. Промена на стражата на палатата во Стокхолм е исто толку спектакл како и во Лондон. Гамла Стан е остров со многу знаменитости, ресторани и барови. Слободно време да се проба и омилената храна на Швеѓаните Inlagd sill -харинга во саламура или Gravad lax – пушен лосос и за десерт принцес крофни за кои имаат посебна традиција. Ноќевање.
24. Септември (Недела) СТОКХОЛМ
Појадок. Факултативно, посета на островот Џургарден кој годишно го посетуваат над 10 милиони туристи, го нарекуваат и остров на музеите бидејќи тука се наоѓаат најдобрите градски музеи, како оној на светски познатиот шведски бенд АББА во кој има неколку интерактивни аудио и видео пултови каде што посетителите можат да пеат или пуштаат некои од хитовите на популарната шведска група или да танцуваат на сцена со холограми на другите членови од бендот. Скансен – најстариот музеј на отворено кој со повеќе од 150 антички куќи ја прикажува шведската историја, развојот на нејзината архитектура и поранешните обичаи и живот. Посета на прочуениот музеј Vasamuseet, во кој се наоѓа воениот брод Васа, кој бил потонат на своето прво патување во 1628 година. Бродот бил изграден по наредба на големиот крал Вас и бил најмоќниот воен брод од таа ера. Потоа, крстарење по живописното езеро Маларен и ручек на бродот. Стокхолм е „градот на вода, Венеција на север“, град изграден на 14 острови на езерото Маларен и Балтичкото Море. Посета на Дротнингхолм најдобро зачуваниот замок изграден во 17 век – декорот бил под влијание на неколку кралеви и кралици. Кралското семејство се преселило во 1981 година и денес кралскиот пар го користи како нивна постојана резиденција која се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО. Ноќевање.
25. Септември (Понеделник) СТОКХОЛМ – СКОПЈЕ
Појадок. Прошетка на островот каде пораснала Грета Гарбо – Седермалм, дом на боемската и алтернативна култура, со голем избор на барови, ресторани, шведски продавници за мода и дизајн и уметнички галерии. Според мислењето на многумина, во оваа област се наоѓаат најдобрите видиковци Флeјгатан и Монтелиусваген, со незаборавен поглед на градот. Слободно време за индивидуални прошетки.Организиран трансфер до аеродромот во Стокхолм. Полетување за Скопје во 22.20 часот. Пристигнување во 01.20 часот.
За уплата до 19 Август: 549 евра (34.040 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 евра (37.140 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ü Авионски превоз на релација Скопје-Стокхолм-Скопје
ü Аеродромски такси
ü Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
ü Сместување во Hotel C Stockholm 4* (http://skr.rs/zcfg ) во центарот на градот на база 3 ноќевања со појадок
ü Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
ü Организиран разглед на градот со локален водич
ü Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Ø Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг
*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)
Ø Посета на островот Џургарден / влезница за музејот Васа / Крстарење со брод и ручек / влезница во замокот Дротнингхолм ПАКЕТ ЦЕНА 120 евра – задолжително пријавување и уплата во агенција
Ø Туристичка такса 930 мкд по лице за цел престој (се плаќа во агенција)
Ø Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Ø Патничко и здравстено осигурување
Ø Доплата за еднокреветна соба: 9300 денари
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.