емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Соко Бања 23ти Октомври
Програма на патувањето:
1.Ден 21.10.2023 (сабота) СКОПЈЕ – СОКО БАЊА
Состанок на групата во 05.30 часот рано наутро на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне. Традиционален коктел за добредојде и сместување. Ручек. Краток одмор од патувањето и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на Соко Бања со локален водич: Mилошевиот Конак, Tурското купатило, црквата Св. Преображение… Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 22.10.2023 (недела) СОКО БАЊА ПИКНИК
Појадок. Ден предвиден за пикник покрај реката Моравица со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача…) и организирани натпревари во природа (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…). Враќање во хотел. Слободно веме за одмори индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 23.10.2023 (понеделник) СОКО БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување на организирана прошетка со локален водич до излетничкото место Лептерија и стариот Соко Град. По враќањето од прошетката во догововорено време во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА – 139€/8.618ден
Редовна цена на аранжманот – 159€/9.858мкд
Цена по лице за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Бањица 3* во Соко Бања во 1/2и 1/3 соби на база 2 ноќевања
– Исхрана на база полн пансион шведска маса за појадок, ручек и вечера сет мени
– Организиран Пикник со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача…) и организирани натпревари (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…) на изворот на реката Моравица или во градината хотелот на брегот на реката Моравица
– Организирани разгледи со локален водич до центарот на Соко Бања, Лептерија и Сокоград
– Користење на базен – џакузи на хотелот со термо минерална вода
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
– Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
– Индивидуални трошоци
Попусти:
– Трето возрасно лице во соба добива 10€ попуст од цената на аранжманот
– Намалување за сопствен превоз -10€ по лице
– Деца до 12год во придружба на 2 возрасни -40€ од цената на аранжманот
НАПОМЕНИ:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ .