Санторини Велигден 

Програма на патување:

1 ден 02.05.2024 (четврток) СКОПЈЕ – САНТОРИНИ

Состанок на групата кај паркингот на спортската сала Борис Трајковски во 15:00ч. Поаѓање на автобусот во 15:30ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа. 

2 ден 03.05.2024 (петок) АТИНА/ПИРЕА – САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето и чекирање во хотел. Време за краток одмор и слободни активности. Во вечерните часови околу 19:30 часот се упатуваме на факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите Христијански верници, со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со смола која гори како илјадници запалени свеќички, кои и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквите, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка. Слободно време за индивидуални активности и посета на некоја од локалните традиционални таверни кои изобилуваат со голем избор на морска храна. Во доцните вечерни часови во договор со групата и водичот враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 04.05.2024 (сабота) – САНТОРИНИ

Појадок. По појадокот околу 09:00-09:30 часот поаѓање/трансфер до пристаниште Атињос и се упатуваме на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод се до 16:00 часот. Посета на островите Неа Камени, Палеа Камени и островот

Тирасија, на враќање низводен поглед на Калдера/OIA, Фира, се до старото пристаниште каде ќе имате можност да ја видите и жичарата која води до Фира. При посетата на вулканот ПЕС, на островот Палеа Камени за сите оние кои ќе сакаат да се качат до вулканот, задолжителна доплата од 5 еур. при самиот влез, од каде се имаат можност да ги видат сите седум кратери на вулканот. Потоа се упатуваме према островот Палеа Камени каде што ќе имаме можност за капење во топлите

води на стариот вулкан. По посетата на Палеа Камени се упатуваме према островот Тирасија, каде ќе имаме слободно време за слободни активности, индивидуален ручек, време за капење или посета на селото Манолас на островот Тирасија. Во договор со групата и нашиот брод се упатуваме на низводен поглед на OIA Фира се до старото пристаниште каде е жичарата која води до Фира. Околу 16:00 часот, се враќаме назад на пристаниште – Атињос каде не чека нашиот автобус и се упатуваме

кон хотелот. Во доцните вечерни часови (велика сабота) подготовка за традиционална посета на некоја од православните цркви по ваш/наш избор каде се чествува ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ(индивидуално), по црковните ритуали враќање во хотел. НОЌЕВАЊЕ.

4 ден 05.05.2024 (недела) – САНТОРИНИ

Појадок По појадокот, околу 10 часот со автобус  заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на целиот остров, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири, црвената плажа, Манастирот St.Ilijas кој се наоѓа на

највисоката точка на островот,посета на сега главниот град Фира каде ќе имаме можност за индивидуална прошетка,разглед,шопинг или индивидуален Велигденски ручек во некоја од локалните таверни,поглед и фотографирање од Калдера. Во вечерните часови посета на OIA каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел, време за одмор, индивидуални активности , прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови каде можеме да ја продолжиме Велигденската прослава. Ноќевање.

5 ден 06.05.2024 (понеделник) – САНТОРИНИ – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот напуштање на собите во период од 10:00 до 11:00ч. Багажот во автобус, сите оние кои не одат во посета на винарија не чекаат на договорено место и време за поаѓање ,а сите други заинтересирани се упатуваме на факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч. Дневно- вечерно пловење према Пиреа/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:30ч. по локално време. Патувањето продолжува со автобус од Пиреа према граничен премин Богородица, со попатни паузи. Пристигнување во Македонија наредниот Ден 07.05.2024(вторник) во утринските часови.

Цена по лице за минимим 2 лица во соба

Цена во евра за уплата во денарска противвредност по кур 1€/62мкд

Во цената на аранжманот е вклучено: 

• Превоз со високо туристички автобус на наведената релација 

• 3 ноќевања со појадок на Санторини во OMIROS HOTEL 4* во Месарија 

• Бродска карта на релација Пиреа/Атина – Санторини – Пиреа/Атина

• Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)

• Туристички придружник за време на целиот Ваш престој

• Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

• Вечерна факултативна посета на најсветото место на островот -селото ПИРГОС  – 10€

• Целодневна екскурзија и разглед на островот (автобус + водич, 4ти ден по програмата) – 50 €

• Целодневна екскурзија со брод (автобус + водич + брод, 3ти ден по програмата) – 50€

• Посета на винарија (автобус + водич + влезница за винарија-музеј, резервација, дегустација на 4 вина и презентација на истите -5ти ден по програмата) – 30€

• Ручек/вечера (Фира/Камари/индивидуално по желба на патниците)

• Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 66€/4 092 ден.

• Дете до 1,99 години, плаќа само превоз – 60€/3.720 ден.

• Прво дете до 6,99 години, а не користи кревет спие со двајца возрасни, плаќа само превоз + брод – 150€/9.300 ден.

• Второ дете до 11,99 години со двајца возрасни плаќа минус 20% од вкупната сума на аранжманот.

• Туристичка такса 10 еур по особа за целиот престој (доплата на лице место)

• Индивидуални трошоци

• Задолжително здравствено патничко осигурување

 • Авионски седишта на брод 

• Бизнис класа на брод

• Доплата за седиште по избор 20€ 

• Доплата за дополнително седиште во автобус 150€

Важни напомени:

• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници. 

• Хотелите се со 2*, 3* или 4* (во делот на Периса, Камари или Месарија) се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 5-7 дена пред тргнување, агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.

• Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.

• Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.

• За резервација е потреба задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% од вкупната сума на аранжманот, доплатата патникот е потребно да ја регулира најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 

• Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.

• Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата и редоследот на факултативните екскурзии во случај на потреба.

• При резервација и уплата на аранжманот задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот.

• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да проверат дали патната исправа е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.

• Патникот има обврска  пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање 

• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 7 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот на поаѓање доколку од страна на  бродската компанија има промени на ден и час на испловување од Пиреа-Санторини-Пиреа, исто така агенцијата  го задржува правото за промена на редоследот и часот на понудените факултативни екскурзии по програмата.

• За ова патување важат Општите Услови на СКТМ.