емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД НА ЗЛАТИБОР
(Сирогојно-Врњачка Бања)
(18.01.2024 – 21.01.2024)
„Гледај високо, диши длабоко… Ова е Златибор“!
18.01.2024 (четврток)
21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија. Патуваме со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Прв ден: 19.01.2024 (петок)
Пристигнување во Златибор во утринските часови. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно каде ќе ја разгледаме единствената музејска поставка под отворено небо со педесетина оригинални куќи-брвнари кои прикажуваат како изгледале куќите во златиборските села пред повеќе од два века. Во музејскиот комплекс доминира куќа од типот на златиборската брвнара изградена во комбинација на камен и дрво а околу неа се наоѓаат помошните простoрии: гостинска куќа, млекара, амбар, занаетчиска работилница, штала… Во 70-те години од минатиот век жените се погрижиле селото да не остане познато само по етно музејот; успеале да го лансираат еден од најголемите српски модни брендови-сирогојскиот џемпер плетен од волна од врвен квалитет и украсен со шари од автентични златиборски мотиви. При посетата на Сирогојно ќе можете да го разгледате Музејот на плетачките во кој се изложени квалитетни волнени производи. Освен тоа, тука се чуваат текстови од модни часописи и ревии, писма и фотографии на познати личности кои имале барем по еден експонат од колекцијата на златиборските плетачки: Јованка Броз, Барбара Буш, Ненси Реган, позната глумица Лив Улман, славниот француски креатор Пјер Карден… Пауза за кафе и закуска во некој од рестораните во Сирогојно а потоа враќање во Златибор. Сместување на групата во хотелот „Buket“ 4**** (www.buketzlatibor.rs) кој се наоѓа на одлична локација во прекрасната борова шума во непосредна близина на Кралскиот Плоштад. Слободно попладне за одмор и за релаксација во спа центарот на хотелот- затворен внатрешен базен, хидромасажна када, топли клупи, солена соба, парно купатило, финска и био сауна, фитнес центар (бесплатно користење). Во вечерните часови можете да уживате во убавините на овој туристички центар. Првото нешто што ќе Ви го привлече вниманието е Златиборското Езеро. Веднаш над езерото се наоѓа Кралскиот Плоштад со огромно шеталиште, а од таму патот Ве води до малиот трговски центар во кој се наоѓаат голем број ресторани и бутици. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
Втор ден: 20.01.2024 (сабота)
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор кој нуди забава за сите. Можете да се возите на најдолгата панорамска гондола на светот, Златната гондола која го поврзува Златибор со скијалиштето Торник, највисокиот врв на планината. За време на девет километарската траса на туристите им се овозожува несекојдневно уживање во живописните пејзажи над Златибор. Гондолата има една меѓустаница на Рибничкото Езеро каде на површина од 200 хектари е планиран развој на проектот Нов Златибор каде ќе се развива туризам од висока категорија. Со цел да ги задоволи интересите на посетителите од сите возрасти, од неодамна во Златибор е достапна најновата забавна содржина – Дино паркот лоциран во непосредна близина на хотелскиот комплекс, каде се поставени повеќе од 30 реплики на диносауруси. Слободно време за релаксација во спа центарот. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 21.01.2024 (недела)
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………199 евра (12.340 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус
– Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Buket“ 4**** во Златибор
– Користење на спа центарот во хотелот: затворен внатрешен базен, хидромасажна када, топли клупи, солена соба, парно купатило, финска и био сауна, фитнес центар
– Посета на Сирогојно со вклучена влезница во Музејот на отворено
– Посета на Врњачка Бања
– Локален туристички водич за разглед на Златибор и Сирогојно
– Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
– Туристичка такса – 1.50 евра по лице од ден (се плаќа во агенцијата)
– Доплата за еднокреветна соба – 30 евра (за две ноќевања)
– Патничко осигурување
За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници