Лутра Едипсос – Евија 

Едипсос или Лутра Едипсос е најпознатата и најстарата бања во Грција, специфична по комбинацијата од термалните извори кои се влеваат директно во Егејското море. Во прилог на тоа дека се работи за една од најстарите бањи оди и фактот што бањата се спомнува во делата на славниот грчки филозоф Аристотел. Во Римско време тука поминале Хадријан, Септимиј и Марко Аурелиј, од овој периот се славните римски бањи – Сила.

Програма на патување: 

1. Ден 11.10.2023 (среда)                          СКОПЈЕ – ЛУТРА ЕДИПСОС 

Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 00.30 часот. Поаѓање за Евија во 01.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица – Евзони со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување местото Глифа. Качување на брод – траект према Евија островт, патувањето трае 30мин. Пристигнување во гратчето Лутра Едипсос околу пладне и сместување во хотел. Краток одмор од патувањето и заминување на пешачки разглед низ местото: 

• термалните извори кои се влеваат во морето

• Хотел Thermae Sylla 5*

• Променадата и центарот

• Марината

Слободно време за индивидални прошетки, можност за ручек во некоја од традиционалните грчки таверни поставени долж морето. Вечера. Ноќевање.

2. Ден 12.10.2023 (четврток)                             ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС 

Појадок. Ден предвиден за индивидуални активности и прошетки или можност за полудневна посета на местото Прокопи, познато по манастирот посветен на Св. Јован Руски. 

• Поаѓање: 10:00

• Возење проследено со прекрасни пејсажи на островот Евија

• Влегување во централниот дел на Евија, предвидено време на пристигнување: 11:30

• Посета на црквата Св. Јован Руски. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Од левата страна на црквата има одел каде е ременот на светиот Јован Руски. Посетителите имаат можност да го стават ременот на себе, се верува дека има исцелителни моќи.  

• Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. 

• Пауза за одмор и релаксација до предвиденото време за поаѓање во 14.00 часот

Враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето. Вечера. Ноќевање. 

3. Ден  13.10.2023 (петок)                      ЕДИПСОС- ЛИХАДОНИСИЈА – ЕДИПСОС 

Појадок. За време на Вашето патување, архипелагот од вулкански острови Лихадонисија уште наречен Грчки Сејшели е ‘’must see’’ факултатива која ќе го збогати вашето патување со незаборавно доживување.

Излетот започнува од местото Кавос од каде се испловува со глисер и се крстари покрај 15 мали острови од вулканско потекло. Во текот на крстарењето ќе имате можност да видите фамилии на медитерански фоки, кои секоја година се сместени на овие простори поради недопрената природа и мирот во кои уживаат. Исто така голема е веројатноста во текот на пловењето да видите и делфини, кои безгрижно пливаат покрај глисерите. Коралните гребени кои се забележливи со голо око низ кристално чистата вода се само доказ дека оваа недопренa природа со право се нарекува рај на земјата.

После крстарењето околу архипелагот се застанува на најголемитот остров од сите каде ќе имате слободно време за уживање на плажа, бар и традиционален ручек. Враќање во Едипсос во попладневните часови. Вечера. Ноќевање.

4. Ден 14.10.2023 (сабота)                                    ЕДИПСОС – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите и заминување кон пристаништето Агиос Кампос. Качување на брод траект до Глифа. Патувањето продолжува кон Скопје со кратки попатни паузи за одмор, фришоп и обавување на царински формалности, планирано пристигнување во вечерните часови.

Цена за пријави до 15.09 – 149€ / 9.238 денари

Редовна цена на аранжманот 169€ 10.478 денари

Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Во цената на аранжманот е вклучено: 

– Превоз  со туристички автобус на наведената релација;

– Сместување во хотел  Лито 3* во центарот на Едипсос на база 3 ноќевања;

– Исхрана на база полупансион;

– Превоз со брод траект на релација Глифа – Евија – Глифа;

– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време патувањето;

– Туристичка такса.

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

– Задолжително патничко осигурување 

– Факултативна посета на Прокопи – 15€;

– Факултативен посета на Лихадонисија – 35€;

– Индивидуални неспоменати трошоци.

– Доплата за еднокреветна соба 45€

Напомени: 

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

– За резервација на аранжманот потребна е минимална уплата на 30% депозит доплатата потребно е да се регулира најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 

– Распределбата на седиштата во автобус е според ред на уплата, за одбирање на конкретно седиште во автобусот доплата изнесува 10еур по седиште (за минимум 2 седиште) освен првиот ред кој е резервирај за персоналот. 

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.

– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.

– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже. 

– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.