Лутра Едипсос, Евија – Велигден 

Програма на патување:

1. Ден 03.05.2024 (петок) СКОПЈЕ – ЕДИПСОС

Состанок на групата на паркингот кај спортската сала Борис Трајкосвски (кај пералните) во 00:30 часот (после полноќ). Поаѓање за Евија во 01:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на брод траект (пловидба 30мин). Пристигнување на вториот по големина остров во Грција, островот Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција, Лутра Едипсос. Сместување во одбраниот хотел (Хотел Галини на плажа или Хотел Лито во центарот). Краток одмор од патувањето и заминување на пешачки разглед и запознавање со местото: пристаништето, променадата, хотелот Термо Сила сè до термалните извори кои директно се влеваат во Егејското Море. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор. Можност за користење на термалните извори. Вечера. Ноќевање.

2. Ден 04.05.2024 (сабота) ЕДИПСОС  – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС

Појадок. Ден предвиден за полудневен факултативен излет до на местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Руски. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем бројни верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности, релаксација и користење на термалните извори на отворено. Вечера. Вечерта, следење на велигденските процесии и хорови низ центарот на Едипсос кои се пресретнуваат во централната градска црква, единствено искуство и уживање кое ќе го паметите цел живот. Ноќевање.

3. Ден 05.05.2024 (недела) ЕДИПСОС – АГИОС – ЕДИПСОС 

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Можност за капење во природните базени со минерална вода кои се вливаат во морето. Во попладневните часови организиран традиционален велигденски ручек со богато национално мени и музика. Во приквечерните часови организирано заминување кон планинското место Агиос, познато по традиционалната прослава на Велигден, прекрасно искуство каде ќе бидеме сведоци на традиционалната велигденска прослава на островјаните, традицонални грчки песни и уживање во небото на зајдисонце исполнето со балони во најразлични бои… Враќање во Едипсос. Ноќевање.

Видео линк од велигденската прослава: https://www.youtube.com/shorts/yJuE6RYrGWo 

4. Ден 06.05.2024 (понеделник) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности. Во договорено време напуштање на собите и заминување кон Агиос Кампос,  качување на брод траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цени по лице за минимум 2 лица во соба.

Цени во евра за уплата во денари по курс 1еур = 62мкд.

Во цената на аранжманот е вклучено: 

– Автобуски превоз со високо туристички автобус на наведената релација

– Бродски превоз на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа

– Сместување во хотел по избор на база 3 ноќевања

• Хотел Галини 2* на сама плажа, на 700м од центарот на Едипсос 

• Хотел Лито 3* во центарот на Едипсос 

– Исхрана на база полупансион (појадок шведска маса и вечера сет мени) 

– Традиционален велигденски ручек со богато национално мени и музика 

– Организирана посета на местото Агиос познато по традиционалната прослава на Велигден

– Целосна организација, реализација и водство со туристички придружник

– Туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

– Задолжително патничко осигурување

– Факултативна посета на Прокопи 15€ 

– Индивидуални трошоци 

Попусти и опционални доплати:

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620мкд (мин. 2 седишта)

– Доплата за еднокреветна 45€/2.790мкд од цената на аранжманот

– Трето возрасно лице на дополнително легло – 10% од цената на аранжманот

– Дете 2-10год. во придружба на 2 возрасни плаќа 45€/2.790мкд

– Дете 11-14год. во придружба на 2 возрасни плаќа 85€/5.2700мкд

– Доплата за дополнително седиште во автобус 60€/3.720мкд 

Напомени: 

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници 

– За патувањето потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек

– За резервација потребна е уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање

– Седиштата во автобус се распределуваат по ред на уплата, доколку имате одредени барања за поинаква распределба во автобусот истата услуга е со доплата. 

– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници. 

– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање. 

– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.

– За овој аранжман важат ОУ на патување.