емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ИСТАНБУЛ – Велигден
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања
02.мај (четвротк) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на Скопски аеродром во 09:50 часот. Поаѓање за Истанбул во 11:50 часот. Пристигнување во Истанбул во 14:15 часот. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата… завршеток со пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство). Сместување во хотел. Во вечерните часови можност за посета на Таксим и прошетка по познатата улица Истикал исполнета со безброј кафулиња, низ која поминува познатиот црвен трамвај. Ноќевање.
03.мај (петок) ИСТАНБУЛ – ТОП КАПИ – ЦИСТЕРНА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за факултативна посета на палатата Топ Капи – најголемата палата во Стариот град на Истанбул која служела како главен центар на Отоманската империја од 1465 до 1856 година (изградена во времето на Султан Мехмед II). Индивидуална посета со придружникот на групата на базиликата „Цистерна “(позната и како „Потоната палата “- најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул). Слободно време за индивидуални активности. Навечер, факултативна вечера на брод на Босфор со богато мени од турската кујна и атрактивна програма со музика и танци. Ноќевање.
04.мај (сабота) ИСТАНБУЛ – БОСФОР – ДОЛМА БАХЧЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или факултативно крстарење со брод под мостовите на Босфор, кои ги поврзуваат континентите Европа и Азија, панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот. Можност за факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај (првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922 г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк). Денес е национален музеј, кој содржи уметничко-историски збирки од непроценливо богатствo. Слободно време за индивидуални акривности. Ноќевање.
05.мај (недела) ИСТАНБУЛ – ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА – БАЛАТ – СКОПЈЕ
Појадок. Можност за индивидуална прошетка до „Цариградската Патријаршија“ позната уште како „Вселенска патријаршија“ една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул. Управувана од Вселенскиот Патријарх, кој има статус на “прв меѓу еднаквите” помеѓу православните епископи во светот. Попатна посета на најколоритниот дел на Истанбул, Балат – кварт заштитен како светско наследство од страна на УНЕСКО. Оваа населба е позната по колоритни куќарки и кафулиња кои шират позитивна енергија. Слободно време за индивидуални активности. Во (14:30 часот) трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 18:00 часот, пристигнување во Скопје во 18:30 часот.
Цена на аранжманот: 449€ (27.838,00 мкд)
Цена на аранжманот во претпродажба до 15.03.2024: 399€ (24.738,00 мкд)
Во цената на аранжманот е вкучено:
– Повратна авионска карта Скопје-Истанбул-Скопје (Pegasus Airlines)
– Аеродромски такси
– Повратен трансфер аеродром–хотел–аеродром во Истанбул
– Сместување во Истанбул, во Ilkbal Deluxe Hotel 4*, на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на Истанбул
– Организиран разглед со јавен превоз на Цариградската Патријаршија и Цистерната (без влезница за во Цистерната)
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Доплата за 1/1 соба (95€)
– Намалување на цена за трето лице (15€)
– Факултативна посета на Топ Капи (влезницa, јавен превоз и локален водич) – 65€
– Факултативна посета на Долма Бахче Сарај (влезницa, превоз и локален водич) – 50€
– Факултативно крстарење на Босфор (трансфер и водич) – 30€
– Факултативно крстарење и вечера на Босфор (трансфер и вечера – 45€ , доплата за алкохолни пијалоци – 10€)
влезница) –
– Влезници за музеите, палатите и културно историските споменици надвор од факултативните излети
– Патничко здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
– Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ