емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ИСТАНБУЛ – НОВА ГОДИНА
Групно патување со директен лет од Скопје
30.12.2021 – 02.01.2022 | 3 ноќи – 4 дена
Програма
1 ден. ( 30.12.2021 четврток ) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 05:00 часот. Лет за Истанбул во 08:00 часот со авиокомпанијата Pegasus Airlines (PC 352). Пристигнување во Истанбул во 11:25 часот, организиран трансфер до хотел, превземање на собите според хотелските правила. Слободно попладне за индивидуални активности, предлог – поаѓање со јавен превоз до плоштадот Таксим, прошетка по познатата улица Istiklal Caddesi каде што се наоѓаат многубројните ресторани, продавници и барови, или предлог прошетка по Лалели, со придружба на нашиот претставник. Факултативен излет: Турска Вечер на брод – салата, предјадење, главно јадење, десерт, неограничено пиење, музичко шоу, (традиционални танци, стомачни танци, забавен дел). Програмата трае 3-3,5 часа. Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ден (31.12.2021 петок ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Истанбул е град со огромен број на знаменитости и места кои треба да се видат и доживеат. Слободен ден или организирана Факултативна тура каде ќе имате можност да се запознаете со знаменитостите, посета на Џамија Султан Ахмед, наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена Џамија со 6 минариња, посета на Хиподромот кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото. Посета на Аја Софија – црква, џамија, музеј и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустиниан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата ја претворил во Џамија, а Кемал Ататурк во 1936 год од Аја Софија направил музеј. Од Јули 2020 година повторно се користи како Џамија. Посета на Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела каде што е изложен мечот на пророкот Мухамед. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величенствениот. Враќање во хотел или предлог разглед и шопинг во Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи.
ПРЕДЛОГ – ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2022 на отворено на некои од атрактивните локации и плоштади, во ресторан или крстарење со брод по Босфор со свечена новогодишна вечера. Ноќевање.
3 ден ( 01.01.2022 сабота ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Слободен ден, или предлагаме да се приклучите на факултативна тура во која е предвиден – Панорамски разглед на градот со посета на Чамлиџа-џамија која претставува најголема и најнова Џамија во Истанбул, сместена на Азиската страна на Истанбул од каде што има фантастичен поглед кон Босфорот. Факултативна посета на најубавата Султанска Палата, Долмабахче Палатата градена во Европски стил во 19 век која била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската држава, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативно крстарење по Босфор, со панорамски разглед на двете страни на каналот, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат – Европа и Азија, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. Можност за посета на Истанбулски Сафир – облакодер ( Sapphire Seyir Terasi ) со висина од над 238м надморска височина од каде што има прекрасна глетка кон градот. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден (02.01.2022 недела ) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување на собите согласно хотелските правила. Групата се упатува кон познатиот и најголем трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2, а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и загрозените тропски видови. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните базени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака. Трансфер кон аеродромот.
Лет за Скопје во 16:25 часот (PC 351) часот. Пристигнување во Скопје.
Цена на пакет 750 ,00 €
- Цена на пакетот е за двајца возрасни
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Истанбул – Скопје (со Pegasus Airlines) со вклучени аеродромски такси.
– Сместување и 3 ноќевања со појадок во хотел со 4**** во историскиот дел на градот – Лалели (Ephesus, Ikbal Deluxe, или сличен).
– Прошетки со претставникот на групата (без вклучен превоз).
– Oрганизирани трансфери во Истанбул: аеродром – хотел – аеродром (на враќање со попатен стоп во ФОРУМ – Истанбул).
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Здравствено – патничко осигурување.
– Доплата за 1/1 соба – 65€.
– Користење на одредени цодржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
– Факултативни посети и излети.
– Новогодишна прослава (може да се организира со вечера во ресторан)
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
– Излет 1 (45 €): Султанахмет ( Аја Софија, Сина Џамија, Хиподром ) Топкапи Палата, Капали Чаршија со превоз, влезници, водич, без влезница за Топкапи Палата цената на овој излет изнесува – 25 €
– Излет 2 (70 €): Панорамски разглед, Долмабахче и крстарење по Босфор со превоз, водич и влезници во објектите (влезница во Sapphire Seyir Terasi не е вклучена)
– Излет 3 (40 / 50 €): Ноќно крстарење – Турска вечер , ( традиционални танци, стомачни танци, забавен дел) – 40 € е цена со неограничени безалкохолни пијалоци, 50 € е цена со неограничени алкохолни пијалоци.Вклучен трансфер од/до хотел
ПАКЕТ Излет 1 & Излет 2: 115 € 100 € по лице
*** цените за факултативните излети се изразени по лице,
*** За резализација на факултативите (Излет 1 и Излет 2) потребни се најмалку 15 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
ЗАБЕЛЕШКИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување.
– За влез во Турција потребен е биометриски пасош со најмалку 150дена валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
– За ова патување може да се потребни дополнителни услови поврзани со Ковид-19 (тест, вакцина и сл.). Ве молиме информирајте се во агенција.