ИСТАНБУЛ-НОВА ГОДИНА НА БОСФОРОТ

1 ден 30.12.2021 (четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите:
Кавадарци, Неготино, Скопје, Велес. Ноќно патување со попатни паузи.
2 ден 31.12.2021 (петок) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во предпладневните часови, сместување во хотел во областа Лалели. По
сместувањето, започнуваме Панорамски разглед со локален водич на градот.

  • Посета на Вселенската Патриаршија,возење покрај Златниот Рог, пешачење
    до Галата Кула – највисоката кула во Истанбул во времето на Јусинијан l висока 66 метри
    која имала одбранбена улога за својот град,
  • кафе пауза на Таксим, најпознатиот плоштад во Истанбул,
  • незаборавното крстарење по Босфорот,
  • факултативен разглед на прекрасната палата Долма Бахче со зелените паркови,
    раскошот кој го нуди и кој ќе ви остане во сеќавање.
    Враќање во хотелот. Можноста за дочек на Новата 2022 година со забава во хотел или
    на брод. Ноќевање.
    3 ден 01.01.2022 (сабота) ИСТАНБУЛ
    После појадокот започнуваме пешачкиот разглед со движење преку Капали чаршија до
    посета на:
  • Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки), а денес е познат како плоштад Султан
    Ахмет важно место за градот во текот на целата историја со своите различни ознаки од
    времето на византискиот, римскиот и осмалинскиот период,
    -Можност за индивидуална посета на Сината Џамија – изградена од познатиот Мехмед
    Ага и единствената џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња,
  • Посета на Аја Софија – најпрво црква на Светата мудрост градена во времето на
    византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија
    потоа се прогласува за музеј и беше една од најпосетуваните атракции во Истанбул за
    денес претседателот Ердоган повторно да ја претвори во џамија,
  • Палатата Топ Капи – музејот каде се наоѓа мечот на пророкот Мухамед и
    административен центар на Османлиската Империја во која турските
    султани живееле со векови и буквално представува град во град.
    Слободни активности и можност за шопинг во Капали Чаршија, покриената
    чаршија од 61 уличка и околу 4.000 продавници.
    -Традиционална Турска вечер .Вечерно крстарење на Босфорот придружено
    со прекрасна турска храна неограничени алкохолни и
    безакохолни пијалоци сето ова продружено од целовечерна музичка
    програма.
    Ноќевање.
    4 ден 02.01.2022 (недела) ИСТАНБУЛ
    Појадок и одјавување од хотелот.
    За крај посета на трговскиот центар FORUM во кој се наоѓа еден од најголемите подземни
    аквариуми Turkuazzoo. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
    5 ден 03.01.2022 (понеделник) МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во утринските часови.

Цена на аранжманот: 5,550 мкд. (за уплата до 30.11.2021)

Редовна цена: 6,130 мкд.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
  • 2 ноќевања со појадок во 3*.во Истанбул;
  • посета на Хиподромот;
  • посета на Сината Џамија;
  • посета на Аја Софија;
  • посета на Капали чаршија;
  • посета на Таксим;
  • посета Трговски центар Форум;
  • пешачки разглед со локален водич;
  • професионален туристички придружник;
  • организација и реализација на патувањето.
    Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • панорамски разглед 10€ – задолжително;
  • крстарење со брод по Босфор – 20 €;
  • посета на Долма Бахче Сарај(превоз влезница локален водич) – 25€;
  • посета на Топ Капи Палатата (влезница, локален водич) – 25€;
  • посета на АквариумотTurkuazoo ( превоз, влезница) – 20€;
  • Новогодишна прослава на 31.12.2021 Bosfor Gala Bord (превоз, храна и пијалоци) – 90
    евра;
  • Новогодишна прослава на 31.12.2021 Bekdas Hotel deluks (превоз, храна и
    пијалоци) – 60 евра
    -Традиционална турска вечер (01.01.2022)3 часовно крстарење на брод со неограничени
    пијалоци -40 евра
  • здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200мкд.

НАПОМЕНА:

  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници;
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже
    аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на
    промена на цената на влезниците на локалитетите;
  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
  • Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
  • Уплата исклучиво во денари.

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА
Ве информираме дека при влез во Р. Турција, според Covid-19 протоколот потребно е да
се приложи еден од следните документи:

  • Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас, или
  • Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за
    вакцинација задолжително носете со вас, или
  • Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум
    до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете со вас.
    Почнувајќи од 15 март 2021 година, патниците кои патуваат за Турција се должни да пополнат „Електронски
    формулар“ во последните 72 часа пред нивното патување на следниот

линк: https://register.health.gov.tr
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со
која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно
    примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на
    оздравувањето;
  3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу
    72 часа пред влез во нашата држава;
  4. Негативен резултат од брз Тест за Антигеннаправен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата
    држава.
    Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во
    последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест
    за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

Галерија