емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Хотел Натали Спа 3* 8мо МАРТОВСКИ ВИКЕНД ВО СОКО БАЊА
(08.03-10.03.2024)
Соко Бања се наоѓа во источинот дел на Србија, на оддалеченост од 260 km од Скопје, a на самиот влез ќе наидете на паролата „Сокобања, Соко град, дођеш стар, одеш млад“. Соко Бања се наоѓа во долината на реката Моравица, помеѓу планините Озрен и Ртањ, на 400 m надморска височина. Бањата постои уште од римско време, а на темелите на римските бањи, Турците го подигнале својот амам, што претставува најстар објект за лекување во оваа бања.
ТЕРМИН:
- 08.03-10.03.2024(Петок-Недела) 2 ноќевања со појадок и вечера и вклучен превоз – 7950 ден
Време на поаѓање
Скопје- 07:00 Куманово – 07:30
Локација на поаѓање и враќање
Скопје-Дрво Декор(Ул Кеј 13 ти Ноември ББ)
Хотел Натали Спа 3* – Соко Бања
Натали Спа е идеално место за вашиот семеен одмор, кој располага со 14 луксузно опремени апартмани во објектот А и 4 апартмани во објектот Б. Објектот содржи модерен спа центар, базен, соби за масажа и ресторан со појадок и a la carte оброци .
Прв ден08.03.2024- петок
Поаѓање во 07.00 часот од Дрводекор. Патување кон Р. Србија преку граничен премин Табановце. Пристигнување во претпладневните часови. Сместување во хотел Натали Спа 3*. Прошетка низ поширокиот центар на Соко бања (Милошев конак, турско купатило…). Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
Втор ден09.03.2024 – сабота
Појадок. После појадокот, заминуваме на пешачки излет до Лептерија и Сокоград. Враќање во хотел. Слободно попладне за одмор или релаксација во спа центарот на хотелот ( базен, сауна, џакузи, парна бања, солена соба) или пак индивидуална посета на Велнес и Спа центарот-Соко Терме. Спа центарот Соко Терме располага со три базени (два се внатрешни и еден надворешен базен). Базените се со термална минерална вода, со температура од 30℃ до 36℃. Вечера со жива музика. Ноќевање.
Трет ден10.03.2024 – недела
Појадок. По појадокот, се напуштаат собите. Во договорено време поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
цена – 7.950 ден
Во цената е вклучено:
- 2 ноќевања со доручек и вечера во х.Натали спа 3* во Соко бања
- автобуски превоз на релација Скопје-Соко бања и обратно
- бесплатно WI-FI во рамките на целиот хотел
- организација на патувањето
- бесплатно користење на спа центарот во хотелот(базен,сауна,џакузи,парна бања,солена соба)
- 1 вечер жива музика во хотелот
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување
- Туристичка така 100 ден од ден по лице
- влезници за локалитетите