ДУБАИ

07.10

сигурна реализација

Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација – една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивна архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна.

Плажите се песочни и со разновидни активности, а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинскито сафари.

Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.

                                                                                                                                                                                                                  6 дена/ 5 ноќи                                                     

07.10 (Сабота)                        СКОПЈЕ – БЕЛГРАД – ДУБАИ

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел “Holliday Inn” во 07.00ч. Организиран трансфер до аеродромот во Белград. Полетување за Абу Даби во 18.05 и слетување во 01.20ч. Организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

08.10 (Недела)                       ДУБАИ

Појадок.

РАЗГЛЕД НА ДУБАИ

Ќе се запознаат најпопуларните атракции на градот како што се: Burj Khalifa, Дубаи марина, Atlantis, Burj Al Arab…

За време на обиколката на градот, ќе ги видите историските знаменитости на стариот Дубаи кои се испреплетуваат со модерната архитектура на 21 век. Уживање во ориенталниот дух на Дубаи на пазарот за злато и зачини.

*Времетраење околу 5 часа.

БУРЏ КАЛИФА

Највисоката градба во светот направена од човекот, каде ќе имате можност да ги искусите најбрзите лифтови во светот.

*Времетраење околу 2 часа.

09.10 (Понеделник)              ДУБАИ

Појадок. Слободно претпладне.

САФАРИ

Возење по високите дини+Вечера во пустински камп и забава.

Возбудливо возење по дините со искусен возач за авантура со адреналин. Возете четирицикли преку песокот и уживајте во јавањето камили. Фотостоп за најубавите фотографии од спектакуларното зајдисонце.

Направете тетоважа со Хена, опуштете се со наргиле – шиша, додека гледате претстава со стомачни и дервишки танци и вечерате во незаборавен пустински камп.

*Времетраење околу 6 часа.

10.10 (Вторник)                     ДУБАИ – АБУ ДАБИ – ДУБАИ

Појадок.

АБУ ДАБИ

Прошетка низ ремек-делото од бел мермер на Големата џамија Шеик Зајед, патеката Формула 1 и Светот на Ферари, посета но селото Херитиџ каде ќе дознааете повеќе за минатото и за бедуинските почетоци пред нафтената индустрија. Организиран трансфер од и до хотел.

-Големата џамија Шеик Зајед е одличен избор за секој што доаѓа прв пат.

НАПОМЕНА: дрес код на облекување на женскиот пол: абаи (долги фустани со марами). Тесна и проѕирна облека не е дозволена.

-Хотел Emirates Palace 7*

-Ferrari World и патеката Formula 1

-Heritage Village

*Времетраење околу 8 часа.

ДУБАИ МАРИНА

Истражете ги сите водни патишта на Дубаи Марина на ова 2-часовно крстарење со вечера на база шведска маса. Уживајте во забавата и спектакуларниот поглед на градот.

*Времетраење околу 2 часа.

11.10 (Среда)                         ДУБАИ

Појадок. Слободен ден за посета на плажа: Jumeirah Beach, Barasti Beach…

12.10 (Четврток)                    ДУБАИ – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ

Појадок и слободно време за кратка прошетка. Организиран трансфер до аеродром. Авионот од Абу Даби за Белград полетува во 13.45 и слетува во 17.30ч. Трансфер до Скопје.

За уплати до 19 Август: 40.240 мкд (649 евра)

Цена на аранжманот:  44.580 мкд (719 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ü  Автобуски превоз Скопје-Белград-Скопје

ü  Авионски превоз Белград – Абу Даби – Белград со Визер

ü  Аеродромски такси

ü  Трансфер аеродром-хотел-аеродром

ü  Кабинска тоба со димензии 40х30х20cm до 10кг

ü  Сместување во хотел “Donatello” 4* на база 5 ноќевањa со појадок во Дубаи

www.donatellodubai.com /

ü  Локален водич за реализација на излетите

ü  Претставник од Агенција за време на патувањето

ü  Организација на аранжманот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø  Виза за Дубаи 95 евра

Ø  Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг, куфер до 20кг…

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Ø  Патничко – здравствено осигурување

Ø  Доплата за еднокреветна соба 12.500 мкд

Ø  Туристичка такса (се плаќа во хотелот)

Ø  Факултативни излети: Разглед на Дубаи 50-60 евра, Пустинско сафари 60 евра, Екскурзија  до Абу Даби 90 евра, Крстарење по Дубаи марина 70 евра, Burj Khalifa 124 кат влезница 45 -50 евра , летање со хелихоптер 200 евра, Музеј на иднината 50 евра …

Напомена:

–          Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

–          За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

–          Потребни документи за виза: скениран пасош со висока резолуција и слика во JPG формат со бела позадина со големина како за пасош.

–          Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место.

–          Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

–          Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

–          Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

–          Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

–          Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.