ДОЧЕК НА НОВА 2022 ГОДИНА- НОВИ САД

 (Со посета на Сомбор и ручек на салаш)
(30.12.2021 – 02.01.2022)

„Еднаш ме прашаа зошто сум така гимназијалски заљубен во Нови Сад. Не знаев да им одговорам. Затоа што со најдрагиот град е исто како и со најдрагата жена: никогаш нема да успееме да објасниме ниту себе ниту на другите што е тоа што толку силно не` поврзало“ (Мирослав Антиќ)

Тука, во Нови Сад ќе ја дочекаме Новата Година, во градот на тамбурашите, на фијакерите, во градот на Балашевиќ…

30.12.2021 (четврток)

22:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Прв ден: 31.12.2021 (петок)

Пристигнување во Нови Сад  во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на Нови Сад, градот кој е создаден на левиот брег на реката Дунав. Започнуваме со обиколка на најголемата средноевропска Петроварадинска Тврдина од каде се простира преубав поглед на  целиот град.  Потоа се упатуваме кон центарот на градот: Дунавската улица, Дунавскиот Парк, Змај-Јовината улица, Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката Црква, Соборната Црква… По завршувањето на разгледот  сместување на групата во хотел „Vojvodina“ 3*** (https://hotelvojvodina.rs/ ) кој се наоѓа на идеална локација во самиот центар на градот. Хотелот има историја долга повеќе од 150 години и отсекогаш бил центар на културниот, забавниот и политичкиот живот во градот. Најпрво бил наречен хотел „Царица Јелисавета“ по жената на Фрањо Јосиф, потоа „Кралица Марија“ по сопругата на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, а денешното име го добива во 1945-та година, по Втората Светска Војна. Но оригиналниот изглед на хотелот никогаш не бил менуван. Во него престојувале многу познати личности од јавниот и културниот живот како Лаза Костиќ, Лајош Зилахи, војводата Марко Миљанов, принцот Томислав Караѓорѓевиќ… Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ празнично украсениот град. Вечерта Дочек на Новата 2022 Година во сопствена организација. Ноќевање.

Втор ден: 01.01.2022 (сабота) 

Појадок. Заминуваме со локален туристички водич на организиран разглед на Сомбор, градот на фијакерите, зеленилото и архитектурата. Градот има дрвореди во должина од 121 километар и четири преубаво уредени паркови. Обиколката започнува од Градскиот Музеј, па покрај театарот и Плоштадот на фијакеристите ги разгледуваме старите Сомборски знаменитости: Плоштадот на Светото Тројство, Градското Собрание, Сончевиот саат (единствен на територијата на цела Војводина кој привлекува внимание со прикажаната симболика во вид на Архангел Гаврил и петел како предвесник на новото утро), Старата Католичка Црква, Црквата Свети Ѓорѓе, Кармелиќанската Црква. Слободно време за кафе пауза и прошетки низ центарот. Потоа посета на традиционален салаш „Наш салаш“ (www.nassalas.com) и организиран ручек со музика во живо. Во вечерните часови враќање во Нови Сад. Ноќевање.

Трети  ден: 02.01.2022 (недела)

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

      ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………149 евра (9.240 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок  во хотел „ Vojvodina“ 3*** во Нови Сад
  • Посета на Сомбор со вклучен ручек на салаш
  • Туристичка такса 
  • Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
  • Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Доплата за еднокреветна соба – 20 евра (за двете вечери)
  • Патничко осигурување

Напомена: Доколку се променат ковид протоколите, можно е аранжманот да претрпи одредени промени

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

Последен рок за пријавување: 06. Декември 2021 година

Галерија