емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
БЕРЛИН 08.03
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
08 март (петок) СКОПЈЕ – БЕРЛИН
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 12.00 часот. Авионот за Берлин на Визер полетува во 13.55 часот. Слетување во Берлин во 16.20 часот. Трансфер до хотел и сместување. Слободно време за вечера во ресторан или пивница за да се пробаат специјалитетите на берлинската кујна: свинска коленица Eisbein или колбас од свинско месо со сос и кари Currywurst и сето тоа “зачинето” со пенливо германско пиво… Ноќевање.
09 март (сабота) БЕРЛИН
Појадок. Пешачка прошетка (факултативно) со локален водич: најголемиот плоштад во Берлин Александерплац – центар на бившиот источен дел на Берлин, ТВ кулата која со својата височина од 368 метри е на списокот на највисоки градби во Германија, Берлинската катедралата, Авенијата Унтер ден Линден, Брандербуршката Порта, Рајхстаг… Крстарење по реката Шпре и можност за уживање во прекраснате глетки на градот кои се наоѓаат покрај брегот. Слободно време за ручек. Посета на „Музејскиот остров“ кој се наоѓа на островчето меѓу реката Шпре и еден нејзин разгранок а, го сочинуваат пет музеи: Стариот музеј, Новиот музеј, Старата национална галерија, музејот Пергамон и музејот Боде. Целиот комплекс од 1999 година е дел од листата на светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Ноќевање.
10 март (недела) БЕРЛИН – ПОТСДАМ
Појадок. Панорамски разглед на градот: летната палата на кралицата Софија Шарлот, зградата на германската опера, Меморијалната црква, главната шопинг улица – Курфурштендам, споменикот на божицата на победата – Златна Елса, новата железничка станица, Бранденбуршката порта, панорамата улицата Унтер ден Линден, Источната галерија со остатоците од Берлинскиот ѕид, плоштадот Потсдам, катедралата, Градското собрание, контролниот пункт Чарли… Факултативно, посета на градот Потсдам, главен град на германската покраина Брандербург, еден од најубавите мали германски градови познат по своите 12 прекрасни палати и паркови кои се на листата на УНЕСКО, создадени во времето на најзначајниот пруски крал Фридрих Велики. Разглед на градот: рускиот кварт Александровка со дрвени куќи изградени во руски рустикален стил со црквата Александар Невски, холандскиот кварт со куќи од црвени тули во холандски стил – едно од најпосетуваните места во градот, палатата Sanssouci познатата летна резиденција на Фридрик Велики изградена во рококо стил како пандан на францускиот Версај, палатата Cecilienhof каде што е одржана Потсдамската конференциjа т.е средбата меѓу Черчил, Сталин и Труман во јули 1945 година, мостот Глинка на реката Хавел кој претставувал граница меѓу Источен и Западен Берлин за време на Студената војна и бил користен за размена на заробени шпиони поради што станал познат како Мост на шпиони, филмското студио Babelsberg кое има историско значење како најстаро големо филмско студио во светот… Ноќевање.
11 март (понеделник) БЕРЛИН – СКОПЈЕ
Појадок. Предлагаме (со метро) прошетка во бившиот западен дел на Берлин, по Булеварот Курфурштендам со најпознатата стоковна куќа KaDeWe… Трансфер до аеродромот во Берлин. Полетување со Визер во 16.55 часот. Слетување во Скопје во 19.15 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 € /30.940 мкд
-10% попуст за ранa уплатa до 10.12: 449 € / 27.840 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релација Скопје-Берлин-Скопје
Аеродромски такси
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Сместување во хотел “Park Inn by Radisson Berlin Alexanderplatz”4* во строгиот центар на Берлин, на база 3 ноќевања со појадок
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
Организиран панорамски разглед на градот Берлин
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг
*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Пешачка прошетка со локален водич 20 евра
Посета на градот Потсдам 65 евра
ПАКЕТ за пешачка прошетка и посета на градот Потсдам 80 евра
Туристичка такса 930 мкд (се плаќа во Агенција )
Влезници, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 7.500 мкд