емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
БЕЛГРАД
(31.12.2021 –02.01.2022 / 3 дена / 2 ноќевања со појадок)
31.12.2021-забава и дочек на Новата 2022 година на плоштадот со музичките звезди
Марија Шерифович, Јелена Карлеуша и Сара Јо
1 ДЕН (31.12.2021 – петок): ШТИП-БЕЛГРАД
Состанок на групата во 01:00 часот пред Нова пошта во Штип и тргнување за Белград. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Белград– панорамски разглед на градот со водич…црквата Св. Сава, Дедиње, мостовите, црквата Св.Марко, улицата на кнезот Михаило, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот…Сместување во хотел. Индивидуална Новогодишна забава на плоштад со познати музички имиња: Марија Шерифович, Јелена Карлеуша, Сара Јо… или во дискотека/сплав/кафана. Ноќевање.
2 ДЕН (01.01.2022 – сабота): БЕЛГРАД
Појадок. Појадок. Индивидуално слободно време за разни активности, прошетки низ Кнез Михајлова, Калемегдан, шопинг… Индивидуална вечер… Ноќевање.
3 ДЕН (02.01.2022 –недела): БЕЛГРАД – ШТИП
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Патуваме кон најспектакулатниот трговски центар на Балканот-ГАЛЕРИЈА(Београд на води), слободно време . Поаѓање за Македонија. Попатна пауза за ручек (индивидуално) во Хотел Бавка во Лесковац. Пристигнување во Штип.
Цена на аранжманот:6.070 денари.
Промотивна цена за уплата до 04.12.2021 година-5.470 мкд.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- превоз со туристички автобус на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел во Белград
- разгледување на Белград со водич
- посета на трговскиот центар Галерија-(Београд на води)
- водство и организација на програмата
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- патничко осигурување – 100 денари -(задожително)
- туристичка такса 2 евра од ноќевање-или 2х2=4 евра -(задолжително)
Општи напомени:
- Организатор на аранжманот е ТА.Црво Експрес од Штип;
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
- целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот;
- цените на аранжманот се дадени во денари за наплата во евра курс 1 евро = 62 мкд;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
- За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
- Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
- Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И САМО СО ЛИЧНА КАРТА