емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Белград
Tермин: 21.10-23.10.2023 | 3 дена / 2 ноќи со aвтобус
Hotel Abba 4*
1ден 21.10 (петок) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата во 02:00 часот на Дрво Декор. Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 9 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, атрактивниот дел на градот Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица – Кнез Михајлова.Bраќање во Хотел сместување.Слободно време за одмор или индивидуални активности. Ноќевање.
2ден 22.10 (сабота) БЕЛГРАД – НОВИ САД – БЕЛГРАД
Појадок. По појадокот, организиранa факултатативно Нови Сад и Петроварадинска тврдина . Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина.. Целодневна посета на Градот. Враќање во Белград. Ноќевање.
3ден 23.10 (недела) БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон центарот на Белград каде ќе имате можност да прошетате низ Кнез Михајлова или можеби новиот дел “Београд на води”. Слободни активности до 12часот и посета на трговскиот центар Ушче. Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.Во договореното време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови
Цена на аранжманот 135 €
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз на наведената релација со туристички автобус
- Разглед на Белград со локален водич;
- 2 ноќевања со појадок во Hotel Abba 4*
- Oрганизација и реализација на патувањето со лиценциран придружник од агенција;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- факултативна посета на Нови Сад 25€
- Патничко осигурување 5€
- Вечера во Скадарлија 30€
- Доплата за еднокреветна соба 45€.
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
За реализација на факултативата Нови Сад потребно е мин. 35 пријавени лица;
За патување со сопствен превоз – 10€ од цената;
Уплата исклучиво во денари.
ОПИС на ХОТЕЛОТ ABBA4*
Хотелот “Abba” е модернистичко, ново и единствено име на хотелскиот пазар. Светските патници допрва се запознаваат со квалитетите на овој хотел кој претставува синоним за квалитет и комфор. Хотелот се наоѓа во општина Вождовац(хармот Свети Сава). Секоја соба има клима уред, ТВ ЛЦД, бесплатен WI-FI интернет и бесплатен паркинг.