емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
БАРСЕЛОНА за ДЕНОТ НА ЖЕНАТА
06.03.2022 – 09.03.2022 | 3 ноќевања | Лет од Скопје
Авионска програма
Барселона – кралицата на Каталонија која освојува на прв поглед. Приказната за Барселона е всушност приказна за извонредните луѓе кои живееле и создавале во неа. Град со прекрасна и уникатна архитектура,градот на Антони Гауди кој важи за еден од најконтроверзните и пред се револуционерни архитекти, Хуан Миро, Колумбо, тоа е град на современиот дизајн, град на брегот на Средоземното Море, град со непроценливо архитектонско, гастрономско, уметничко и културолошко богатство, градот на паеља, чурос и сангриа.. Само еден ден, секако не е доволен да ја сфатите магичноста со која Ве мами оваа кралска убавица. Живописната улица Ла Рамбла, најпознатата авенија не само во Барселона туку и во цела Шпанија, брдото Монжуик, катедралата Саграда Фамилија, Готскиот кварт, Магичните фонтани, се само дел од најпознатите туристички атракции на оваа убавица кои ќе допринесат, Вашиот престој да биде врежан длабоко во Вашите
спомени. Дозволете си една преубава авантура во еден од најубавите градови во Европа !
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ден. ( 06.03.2023 Среда ) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 2:30 часот. Лет за Барселона со конекција преку Виена во 04:30 часот со авиокомпанијата Austrian Airlines. Пристигнување во Барселона во 09:20 часот по локално време. Панорамски разглед на најзначајните знаменитости на Барселона со локален водич. Трансфер до хотел, превземање на собите според хотелските правила. Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка во центарот на Барселона, Placa de Catalunya, La Rambla, Mercado de la Boqueria,плажата Барселонета, со придружникот на групата. Можност за организирана вечера во ресторан или во хотел. Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ден (07.03.2023 Четврток ) Барселона
Појадок. Факултативен целодневен излет BARCELONA TOUR со превоз и локален водич. Посета на Park Guell, ремек делото на познатиот Шпански архитект Антони Гауди кој е составен од прекрасни градини и уникатни архитектонски елементи. Неговите дела денес се симбол на Барселона и се карактеризираат со меки и брановидни линии, односно елементи кои наликуваат на живи организми. Благодарение на неговата архитектура градот станал туристичка атракција. Park Guell е дел од листата на Светското Културно Наследство под заштита на Унеско. Неговите дела кулминираат со создавањето на базиликата и црквата на Светото Семејство – Sagrada Familia која исто така е Светско Културно Наследство под заштита на Унеско. Посета на Sagrada Familia, најголемата недовршена Католичка црква во светот чија изградба е започната од 1882 година, а се очекува да се заврши до 2026 година, на одбележувањето на стогодишнината од смртта на Гауди. Поаѓање кон етничкото село Poble Español и посета на музејот на отворено. Пoблe Еспањол или „Шпанско село“ е уште една во серијалот од големите атракции изградени во Барселона. Денес Шпанското село е еден вид музеј на архитектурата и културата на Шпанија. Се состои од 117 згради, плоштади и улици кои се типични за 15 различни области на Шпанија. Во рамките на овој комплекс има театар и музеј на современа уметност, уметнички работилници и голем број ресторани со специјалитети кои потекнуваат од различни региони на Шпанија. Се наоѓа во еден од најтуристичките делови на Барселона. Можност за организиран ручек. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет во вечерните часови, Фламенко шоу и гастрономска тура за уживање и забава, каде што може да се вкусат најдобрите Шпански специјалитети од сите делови на Шпанија. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден ( 08.03.2023 Петок ) Барселона – Жирона – Фигуерес
Појадок. Факултативен целодневен излет, посета на Girona и Figueres. Girona е град во североисточниот регион на Каталонија во близина на границата со Франција, покрај реката Onyar, познат по средновековната архитектура, посебен шарм на овој град даваат стариот кварт Barri Vell и Римските остатоци од тврдината Forca Vella, град во кој доминираат средновековни градби и потсетници на Римјаните, Арапите и Евреите, насекаде има можност да се проба регионалната кујна која во своите рецепти ги обединува производите од морето и планините. Импресивната Готска Катедрала во Girona е една од најпрепознатливите локации од култната серија Game of Thrones. Посета на Figueres, посета на ексцентричниот музеј и театар на Салвадор Дали. Музејот на Салвадор Дали се наоѓа во неговата семејна палата, а изложбата, која е компилација на делата на уметникот од различни периоди, ја поставил самиот маестро. Секоја просторија од овој необичен музеј може да се види како еден вид уметничко дело. Освен сликите на Салвадор Дали, секако може да се видат и многу негови дела и необични инсталации. Можност за организиран ручек. Враќање во Барселона во вечерните часови. Ноќевање.
4 ден ( 09.03.2023 Сабота )
Одјавување од хотелот и трансфер кон аеродромот во Барселона. Лет во 05:50 со авиокомпанијата
Lufthansa, Barcelona – Fankfurt – Skopje. Слетување во Скопје во 14:00 часот.
Во цената е вклучено:
- Авионски превоз на релација Скопје – Барселона – Скопје со Austrian Airlines и Lufthansa
- Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Аеродромски такси, рачен багаж 8 кг по лице.
- Сместување и ноќевања со појадок во хотел со 3* во Барселона
- Целосна организација на патувањето и пратител на групата од Скопје
Во цената не е вклучено:
- Патничко здравствено осигурување
- Дополнителни оброци и пијалоци
- Туристичка такса ( 5 еур по лице на ден )
- Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
- Факултативни посети, излети и влезници
- Чекиран багаж – со доплата – околу 60 еур по лице
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
- Излет 1: PARK GUELL, SAGRADA FAMILA, POBLE ESPANYOL
- Целодневна тура – Барселона – со превоз и локален водич на српски јазик, вклучена влезница во Park Guell – 90 €
- Влезница за Sagrada Familia – 30 €
- Влезница за Poble Espanyol со вклучен ручек ( предјадење, главно јадење, десерт + пијалок ) – 35 €
- Влезница за Poble Espanyol – 20 €
- Излет 2: GIRONA, FIGUERES, SALVADOR DALI MUSEUM – Целодневна тура – Жирона и Фигуерес со превоз и локален водич на српски јазик, влезница во музејот на Салвадор Дали – 100 € по лице (без влезница во музејот цената на овој факултативен излет изнесува 85 € по лице )
- Гастрономска тура ( со неограничен пијалок ) + фламенко шоу – 85 € по лице
- Фламенко шоу + пијалок – 55 € по лице
Забелешки:
- Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
- За резервации потребен е аванс од минимум 30% од вкупнот износ на аранжманот.
- Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
- Програмата, редоследот и цените на разгледите и факултативните посети можат да претрпат промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
- Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.