емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
БАРСЕЛОНА – КОСТА БРАВА – САЛВАДОР ДАЛИ
БАРСЕЛОНА – Софистицирана, елегантна и романтична стара дама. Импресивните и необични градби на Антонио Гауди го чинат овој град единствен, благодарение на широкоградиот дух на Шпанците тој не е само станица на илјадници туристи туку и место каде ќе ја почуствувате топлината на домот. Искористете ја уникатната можност да ги посетите и искусите од прва рака сите културни и архитектонски зданија кои овој град ги нуди на дофат и уживајте во Паркот Гуел, плоштадот на Кристофер Колумбо, плажата Барселонета, плоштадот Каталунија од каде започнува светски познатата пешачка и шопинг улица La Rambla, плоштадот Еспања со импресивните фонтани, Олимпиското село, брдото Монтжуик, олимпискиот стадион, Камп Ноу, музејот на Дали во Фигерас, како и огромен број на други класични и модерни архитектонски ремек дела.
КОСТА БРАВА – Крајбрежен регион и популарна туристичка дестинација поради умерената клима и прекрасните плажи со кристално чиста вода и волшебен, ситен песок. Додека еден дел од брегот на Коста Брава станал развиена туристичка дестинација, останатите делови го задржале традиционалниот изглед и станале „скриенa скапоценост“ за посетителите кои сакаат нешто повеќе од сонце, море, песок и Сангрија. Калеља е одалечена на само еден час со воз од Барселона. Тука ќе можете да уживате на 3 километарска златна плажа.
КАЛЕЉА (Calella) – Едно од најатрактивните и најразвиени туристички места на обалата на Коста Брава. Прекрасна песочна плажа, атрактивни хотели, шеталишта, шопинг… А на помалку од 1 час патување со воз и за карта од неколку евра се стигнува до срцето на Барселона.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 8 дена / 7 ноќевања
30.Април (Вторник) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:30 часот. Лет за Барселона со конекција преку Виена во 12:40 часот со авиокомпанијата Austrian Airlines. Пристигнување во Барселона во 19:50 часот по локално време. Трансфер до Калеља – Коста Брава, превземање на собите. Вечера. Ноќевање.
01.Мај (Среда) КАЛЕЉА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, уживање на прекрасната песочна плажа во Калеља и истражување на убавините на градот, кој е богат со преубави автентични каталонски улички, многу продавници, барови, ресторани, таверни, големо шеталиште покрај море и палми или предлог, посета на Dalmau Park кој што се наоѓа во самиот град и нуди преубава природа со феноменални погледи кон градот и морето. Предлог факултативен излет во вечерните часови, Шпанска вечер проследена со многу забава и Фламенко шоу. Вечера. Ноќевање.
02.Mај (Четврток) КАЛЕЉА – БАРСЕЛОНА
Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен излет и разглед на BARCELONA со превоз и локален водич. Започнуваме со панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал, главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега познатата и секогаш забавна авенија Ла Рамбла, споменикот на Колумбо – местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на Каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, плажата Барселонета, познатите Гаудиеви згради – Casa Mila и Casa Batllo… Факултативна посета на на Park Guell, кој е дел од листата на Светското Културно Наследство под заштита на Унеско , ремек делото на познатиот Шпански архитект Антони Гауди кој е составен од прекрасни градини и уникатни архитектонски елементи. Неговите дела денес се симбол на Барселона и се карактеризираат со меки и брановидни линии, односно елементи кои наликуваат на живи организми. Благодарение на неговата архитектура градот станал туристичка атракција. Трансфер до хотелот во Калеља, Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
03.Мај (Петок) КАЛЕЉА – ЖИРОНА – ФИГУЕРЕС
Појадок. Факултативен целодневен излет, посета на Girona и Figueres. Girona е град во североисточниот регион на Каталонија во близина на границата со Франција, покрај реката Onyar, познат по средновековната архитектура, посебен шарм на овој град даваат стариот кварт Barri Vell и Римските остатоци од тврдината Forca Vella, град во кој доминираат средновековни градби и потсетници на Римјаните, Арапите и Евреите, насекаде има можност да се проба регионалната кујна која во своите рецепти ги обединува производите од морето и планините. Импресивната Готска Катедрала во Girona е една од најпрепознатливите локации од култната серија Game of Thrones. Посета на Figueres, посета на ексцентричниот музеј и театар на Салвадор Дали. Музејот на Салвадор Дали се наоѓа во неговата семејна палата, а изложбата, која е компилација на делата на уметникот од различни периоди, ја поставил самиот маестро. Секоја просторија од овој необичен музеј може да се види како еден вид уметничко дело. Освен сликите на Салвадор Дали, секако може да се видат и многу негови дела и необични инсталации. Можност за организиран ручек. Враќање во Калеља во вечерните часови. Вечера. Ноќевање.
04.Мај (Сабота) КАЛЕЉА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и уживање на крабрежјето на Калеља или можност за индивидуална прошетка (со воз/метро) до секогаш атрактивната Барселона за прошетки, ручек, познатиот пазар Mercado de la Boqueria, плажата Барселонета, шопинг во некој од трговските центри на градот, посета на шоуто на магичната фонтата Montjuic, во придружба со пратителот на групата. Вечера. Ноќевање.
05.Мај (Недела) КАЛЕЉА – БАРСЕЛОНА
Појадок . Факултативен излет во Барселона. Поаѓање кон етничкото село Poble Español и посета на музејот на отворено. Пoблe Еспањол или „Шпанско село“ е уште една во серијалот од големите атракции изградени во Барселона. Денес Шпанското село е еден вид музеј на архитектурата и културата на Шпанија. Се состои од 117 згради, плоштади и улици кои се типични за 15 различни области на Шпанија. Во рамките на овој комплекс има театар и музеј на современа уметност, уметнички работилници и голем број ресторани со специјалитети кои потекнуваат од различни региони на Шпанија. Се наоѓа во еден од најтуристичките делови на Барселона. Поаѓање кон ридот Тибидабо кој има извонреден поглед на Барселона, кој е висок 512м и е највисокиот рид во Сера Де Колсерола. На врвот на ридот се наоѓа црквата Саграт Кор и соседниот забавен парк Тибидабо. Телекомуникациската кула Торе де Колсерола е на пешачко растојание. Дизајнирана од Енрик Сагние, црквата била започната во 1902 година и биле потребни 60 години за да се заврши. На врвот е поставена скулптурата на Светото срце на Исус од Џозеп Мирет Лопарт. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
06.Мај (Понеделник) КАЛЕЉА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, уживање на песочните плажи во Коста Брава или предлог, поаѓање со воз/метро до некој од соседните градови во Коста Брава со придружба на пратителот на групата. Вечера. Ноќевање.
07.Мај (Вторник) КАЛЕЉА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од собите според хотелските правила. Трансфер од хотел до аеродромот во Барселона. Лет од Барселона до Франкфурт со авиокомпанија Lufthansa во 17:05 часот. Лет од Франкфурт до Скопје во 20:10 часот, пристигнување во Скопје во 22:25 часот.
Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 29.Фебруари: 699 € (43.338,00 мкд)
Цена по лице во двокреветна соба: 795 € (49.290,00 мкд)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје – Виена – Барселона – Франкфурт – Скопје (Austrian Airlines)
*Поаѓање: 30.04.2024 во 12:40ч. (Скопје)
*Пристигнување: 30.04.2024 во 19:50ч. (Барселона)
– Аеродромски такси, рачен багаж 8кг
– Сместување и 7 ноќевања на база ПОЛУ ПАНСИОН (појадок и вечера – вклучени вода / вино за вечера) во хотел со 4*
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Прошетки со придружник на групата
– Организирани трансфери од Аеродром до хотел и обратно
– Целодневен разглед на Барселона со локален водич
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Патничко здравствено осигурување
– Дополнителни оброци и пијалоци
– Туристичка такса
– Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција)
– Факултативни посети, излети и влезници
* Влезница во Park Guell – 15€
* Факултативен целодневен излет Girona – Figueres со локален водич и превоз – 90€
* Влезница за музејот на Салвадор Дали – 25€
* Факултативен излет – Барселона со влезница и превоз за Poble Espanyol – Шпанско село – 95€* Влезница за TIBIDABO AMUSEMENT PARK – 45€
* La Masia Dinner + ФЛАМЕНКО ШОУ И ЗАБАВА со вклучен превоз – 65€
Попусти и доплати:
– Попуст за дете од 2 до 11,99 години (-140€)
– Попуст за трето возрасно лицe (-35€)
– Доплата за еднокреветна соба – 180€
– Доплата за полн пансион (ручек) – 50€
НАПОМЕНИ:
– Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024
– За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот
– За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање
– Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојбата на терен и други објективни причини
– Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана
– Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ .