Барселона 29.04

29 април                             СКОПЈЕ – Тирана – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата во Скопје во 10.00 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Барселона во 19.30 и пристигнување во 22.10 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

30 април             БАРСЕЛОНА

Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани… Пауза за ручек. Индивидуални активности или препорачуваме посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите во Европа. Ноќевање.

01 мај                   БАРСЕЛОНА (Фигерас и Герона)

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Фигерас, каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Музејот е сместен во неговата фамилијарна палата, а изложбата која е компилација на уметнички дела од различни периоди, ја поставил самиот маестро. Попатно на враќање, посета на убавото, живописно место Герона, кое се наоѓа на североисток на Шпанија, непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, Kатедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичните куќички на брегот на реката Onyar… Во вечерните часови, препорачуваме фламенко, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци.  Ноќевање.

02 мај                   БАРСЕЛОНА – Тирана – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно, препорачуваме посета на Шпанското село кое ја обединува иприкажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Прошетката продолжува кон паркот “Гуел” – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 22.55 часот и пристигнување во 01.30 часот. Трансфер до Скопје.

Цена за рана уплата до 20.03:       599 евра   (37.140 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:          669 евра   (41.480 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Барселона-Скопје

– Рачен багаж (1 торба / ранец со димензии 42х32х25см)

– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона

– Сместување во Хотел B&B Viladecans 3* на база 3 ноќевања со појадок

– Организиран разглед на Барселона според програмата

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø  Туристичка такса 600 мкд (се плаќа во агенција)

Ø  Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг, *цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање

Ø  Карти за локален превоз (метро)

Ø  Патничко – здравствено осигурување

Ø  Доплата за еднокреветна соба 10.300 мкд

Ø  Факултативни излети:

Посета на Фигерас и Гирона 80 евра  – задолжително пријавување и уплата во агенција

Посета на Шпанско село и Парк Гуел 65 евра  – задолжително пријавување и уплата во агенција