Б Е Л Г Р А Д

Нова Година 2024
Б Е Л Г Р А Д
сместување во Hotel Abba 4*

30.12.2023-01.01.2024

1 ден 30.12 (Сабота) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД 
Состанок на групата во 02:00 часот Дрво Декор. Куманово 02:45
часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон
Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање
во Белград околу 09 часот. Сместување во хотел.По кратка
пауза,заминување со локален водич и организиран панорамски
разглед на Белград, со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на
Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез
Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, атрактивниот дел на
градот – Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на
Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и
прошетка по најпознатата белградска улица – Кнез Михајлова.Во
договорено време со групата враќање во хотел. Слободно време
за одмор.Ноќевање.
2 ден 31.12 (Недела) БЕЛГРАД – НОВИ САД – БЕЛГРАД 
Појадок. По појадокот, организиран факултативен излет до Нови
Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската
улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот
со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската
тврдина.. На враќање во попладневните часови. Враќање во
хотел. Вечерта, организиран бесплатен трансфер од хотел до
центар на Белград и повратно, за дочек на Нова 2024 Година на
Плоштад, по Ваша желба може да посетите дискотеки или
ресторан на добро познатата Скадарлија. Во утринските часови,
враќање во хотел. Ноќевање.           
                   
3 ден 01.01 (Понеделник) БЕЛГРАД-СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Се упатуваме кон
трговскиот центар Ушче.(доколку работи) Слободно време за
кафе, шопинг, прошетка.. во договореното време, поаѓање кон
Скопје. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 165 € / 10.230 мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз на наведената релација со туристички автобус
  • Разглед на Белград со локален водич;
  • 2 ноќевања со појадок  во Hotel Abba 4*
  • Организација и реализација на патувањето со придружник од агенцијата;
  • посета на шопинг центар Ушче, доколку работи

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Опционална посета на Нови Сад – 1.200 мкд
  • Туристичка такса – 200мкд по лице за цел престој  (се плаќа во агенција при резервација /задолжитено);
  • Доплата за 1/1 соба – €
  • здравствено патничко осигурување 5€

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници за автобус,доколку е авионска 15
  • Може да се патува и со лична карта;
  • За реализација на опционалната посета на Нови Сад потребно е минимум 35 пријавени лица
  • За патување со сопствен превоз – 10€ од цената;

В А Ж Н И   И Н Ф О Р М А Ц И И
*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на
редоследот на активностите во програмата.
*За секоја евентуална промена ќе бидете благовремено информирани
*Резервација на аранжманот се прави во агенција со уплата од 30% или преку Банка
*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е износот на
аконтација, а остатокот е подложен на промени.
*Патникот го потпишува Договорот за патување и е согласен со истиот доколку има прашања нашите агенти се должни да му објаснат
*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице
место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да
поднесе приговор во агенција.Доколку нема преставник  од агенцијата во Хотелот тогаш патникот  на рецепција  доставува
приговор..
*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена на
возниот и воздушниот собраќај,сместувачки капацитети или локални факултативи,такси и сл…
*Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на Хотелот како и да се информираат на
рецепција за било каква промена или барана нова услуга.Во хотелот е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. *Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите
Побарајте патничко осигурување и договор за патување
*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.
*Во готово – авансно *кредитни картици, вирманско плаќање плаќање од вкупната цена на
аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 7-дена пред  започнување на
аранжманот поаѓање, зависно од видот на програмот,плакање преку синдикати и работни
организации.со посебни договори.
 *Важат Општите услови на СКТМ