емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
АТИНА
АВТОБУС
АТИНА
Атина – град посветен на божицата Атина, по која го добил името и е негова заштитничка. За историјата на човештвото е значајна бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години. Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудиме можноста да ја почувствувате магијата на грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен.
30.12СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на група на Дрводекор, спроти Холидеј Инн 17.30 часот. Поаѓање за Атина во 18.00 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
31.12АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно, панорамски разглед на градот со автобус и локален водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта, дочек на Нова година на еден од Атинските плоштади. Ноќевање.
01.01АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Враќање во хотел. Вечерта, предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол… Ноќевање.
02.01АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ
Појадок. Полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион – најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Скопје на 03.01 во раните утрински часови.
ЦЕНА во предпродажба за уплати од 17 Декември 109 евра (6.760 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 евра (8.000 ден.)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и пратител на групата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Разглед на градот со локален водич 15 евра
– Факултативна посета на Пелопонез 35 евра
– Вечера во Таверна 35 евра
– Задолжителна посета на Пиреја и Сунион 15 евра
– Туристичка такса 2 евра по соба, на ден ( се плаќа во агенција)
– Задолжително патничко осигурување
– Влезници за локалитетите и други факултативни посети
– Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден.
– Организиран трансфер од: Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Неготино, Велес… со доплата 1200 ден. од лице (доколку има минимум 6 патници заинтересирани за трансфер)
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. За реализација на истите потребен е минимум од 30 патници За факултативните излети потребно е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
Т.А. го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ .
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.