АТИНА ЗА СВ. ВАЛЕНТАЈН

Кога ја замислувате Атина на Денот на вљубените, веројатно замислувате нешто магично.
Февруари е совршено време да ги искористите предностите на модерниот стар град и сите
прекрасни работи што тој ги нуди вам и на вашиот партнер.Атина е полна со романтични
можности, од ноќното осветлување на Партенон до кривулестите пешачки улички на Плака,
до многуте бујни паркови во градот и настани во живо. Несомнено, прославите на Денот на
вљубените ја зголемуваат сладоста на овие моменти. Ве водиме во Атина за Св. Валентајн,
патување по повод денот на вљубените..
Во продолжение програмата

08.02.2024 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата пред хотел Русија во 19:30 часот. Поаѓање за Атина во 20:00 часот.Ноќно
возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
09.02.2024 (ПЕТОК) АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот
(Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони,
Олимпискиот стадио, Храмот на Зевс, Хадријановата врата, Бајроновиот споменит,
Националната библиотека, универзитет…). Посета на Акропол што во превод значи град на
рид, што е симболот на градот. Старото население поради одбрана бирало земјиште
најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови
на светот кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на
ова место. По посетата сместување во хотел. Слободно попладне.  Наша препорака е
максимално да го искористите времето во Атина и што помалку да бидете во хотел.
Препорачуваме да талкате низ улиците на Плака, најстариот дел од Атина и денес еден од
најтуристичките населби која се наоѓа во близина на Акропол. Шармантно место со калдрми
и стари улици, област каде може да најдете многу мали продавници со типични сувенири и
барови со храна типична за градот. Не смеете да го пропуштите и квартот Монастираки,
доста живо место идеално за шопинг. Фантастичен поглед кон Акропол можете да најдете
од барот Couleur Locale, што се смета и за романтичен ресторан па доколку се одлучите да го
посетите препорачуваме да направите резервација со време. Време за одмор. Ноќевање
10.02.2024 (САБОТА) АТИНА-ПЕЛЕПОНЕЗ-АТИНА

Појадок во хотел. Екскурзијата започнува во 08:00ч по локално време. Првото место што ќе
го посетиме е Коринтскиот залив, кој ги соединува Саронскиот залив на Егејско море и
Лахејскиот залив на Јонско море од каде се оди на полуостровот Пелепонез. Oвој канал се
градел 11 од 1881 години и бил завршен 1893 година. Долг 6.4 километри и широк само 25
што во тоа време било чудо и поради тоа современите бродови имаат проблем да поминат
покрај каналот. Ќе имате можност да направите фантастични фотографии од мостот.
Екскурзијата продолжува и се посетува најголемиот и најдобро сочуваниот приметок на
класичен грчки театар во Грција кој датира од 4 век п.н.е, Епидариус. Замислите ќе посетите
театар кој е 2400 години стар!Ова е уметничко дело, секој звук на сцената без разлика дали е
крик или шепот, длабока воздишка или звук на палење на кибрти, може да се слушне низ
театарот дури и во последнитередови. Не верувате? Ви препорчуваме да го посетите и да се
уверите.  Се смета дека распоредот на седиштата е всшност акустичен филтер кој
овозможува да се намали бучавата во позадина, како што е мрморењето на публиката,
притоа нагласувајќи ги звуците сопоголема фреквенција што доаѓаат од сцената.
Најголемиот грчки театар е висок 114 метри и може да прими од околу 13.000 луѓе. Во
1998година е под заштиа на УНЕСКО. По посетата на Епидариус се посетува градот Нафплио.
Според легендата го основал Нафлиј, синот на богот Посејдон и Амимон. Првиот главен град
на Грција се наоѓа на два часа возење од Атина и зрачи со венецијански шарм, благодарение
на италијанскиот стил на градба. Кога ќе шетате низ градот ќе се почувствувате дека сте во
градот Керкира или пак на момент во Венеција/Болоња, ќе помислите дека сте го посетиле
овој град некогаш а всушност за прв пат ќе бидете. Долгите пешачки улици на стариот град
нудат бескарјни можности за купување од автентични грќки сувенири. Мал град со многу
енергија е вистинскиот избор за уживање во храната. Овде ќе имате слободно време за
фрапе на преубавото пристаниште или ручек во тесните улички. Последното место за овој
ден е предвиден за градот Микена кој е најважните археолошки локалитети во Грција.
Според митологијата, ова бил градот на легендарниот Агамемнон, водачот на Грците за
време наТројанската војна. Најпознатите места на Микена се Лавската порта, влезот на
градот и Ризницата на Атреј. Од највисоката точка на Микена има преубав поглед кон море и
секако градот Нафплио. Враќање во хотел. Ноќевање
11.02.2024 (НЕДЕЛА) АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Заминување на екскурзија. Првото место што ќе го посетите е пристаниште
Пиреја. Некогаш ненаселен остров во близина на Атина, во текот на 5 век п.н.е.. но со
полнење на земјата и градење на ѕидови, Пиреја стана дел од градот и атинското
присташиште, едно од најголемите пристаништа во овој на дел на Медитеранот.
Панормаски разглед на Пиреја што ќе ве воодушеви. Ќе имате можност да ги видиите
стадионот на фудбалскиот клуб Олимпијакос. Последното место за посета е Сунион, храмот
на Посејдон. На ова место се случила една од најголемите трагедии во грчката митологија,
Сунион е веднаш до Делфи, еден од најубавите пејсажи во Грција и пошироко. Храмот на
Посејдон стои сам на карпа покрај морето, од кае што атинскиот крал Егеј се врли во очај
кога ги видел црните една на бродот на својот син. Неговиот син Тезеј, херојот кој го
победил Минотаурот и кој во знак на победа требало да подигне бели еда по враќање во
својата татковина во брзање заборавил да го стори тоа што довело до неопислива трагедија.
Погледот од Сунион кон отворено море е фантастичен, ќе имате можност да уживате и да

пиете кафе со поглед на море. Заминување кон Атина. Се зимаат патниците кои не одат на
овој факултативен излет и се поаѓа кон Македонија. Очекувано пристигнување во Скопје по
полноќ.

Во цената е вклучено:

  • Автобуски превоз
  • 2 ноќевања во хотелско сместување со 3* со појадок
  • Панорамски разглед на градот
  • Туристички придружник од агенција

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Пакет 1- Посета на Пелепонез (Коринт, Нафплио,Епидариус и Микена) – 45 евра
  • *Влезниците за Епидариус и Микена не се вклучени во пакетот (Епидариус 6е и Микена 6е)-
  • Посета на Пиреја и Сунион- 30 евра
  • Влезница за Акропол со локален водич- 20 евра
  • Туристичка такса- 4 евра од лице
  • Пакет 2- (Пелепонез,Пиреја, Сунион и Акропол)- 80 евра *Влезниците за Епидариус иМикена не се вклучени во пакетот (Епидариус 12е и Микена 12е)-
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА:

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Патникот е должен при уплата на аранжман ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се изјасни на кои екскурзии ќе присуствува. Во случај да нема се изјаснето и нема доволен број на влезници за одреден музеј/знаменитост а притоа сака да присуствува, Т.А не превзема одговорност.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.