Атина 

АТИНА –08 ДЕКЕМВРИ

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава, родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почувствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

Програма на патување:

07.12.2023 (Четврток)-Скопје-Атина

Состанок на групата  во 20.00 часот. Поаѓање за Атина во 20.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

08.12.2023 (Петок)-Атина

Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кои потоа станувале центар на големи градови кои што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне.

Ноќевање.

09.12.2023 (Сабота)-Атина-Пелопонез

Појадок. Факултативна посета на  Пелопонез со водич.

Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез. Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.

Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.

Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величествената лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…

Вечерта факултативна посета на некој од Божиќните маркети во Атина.

Ноќевање.

10.12.2023 (Недела) -Атина-Сунион-Скопје

После појадокот напуштање на собите и се упатуваме на излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -најјужниот ‘рт на Медитеранот, каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.

По завршување на екскурзијата, патот го продолжуваме кон Македонија

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 11.12. – Понеделник.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 17евра ПО ЛИЦЕ /11.100мкд

ПРОМО ЦЕНА 159 eвра ПО ЛИЦЕ /9.860 мкд до 20.10

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

·         Автобуски превоз на наведената релација

·         Сместување во Хотел 3*, во центарот на Атина на база 2 ноќевања со појадок

·         Панорамски разглед со водич

·         Организација на аранжманот и пратител на групата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

·         Задолжително патничко осигурување

·         Факултативна посета на Пелопонез (40 €)-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус (12 €) и Микена (12 €)

·         Посета на Сунион со вклучена влезница (35€)

·         Влезница за во Акропол со водич и слушалки (20 еур)

·         Факултативна посета на Божиќен Маркет (5 еур)

·         Пакет факултативи- 85 еур ( Пелопонез, Акропол и Сунион)

·         Туристичка такса 180 мкд по лице за две ноќевања (се плаќа во агенција)

·         Индивидуални трошоци

Напомена:

·         За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

·         Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

·         Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

·         Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето