ЉУБЉАНА – Божиќен Маркет

12.12.2023 – 14.12.2023 | 2 ноќи – 3 дена

Групно предбожиќно патување, директен лет од Скопје

РАН БУКИНГ до 15.Ноември: 290 €

» Директен лет од Скопје со Wizz Air.
» 2 ноќевања со појадок во централно лоциран хотел 3*
» Рачен багаж до 10кг (чекиран може со доплата).
» Трансфери.
» Организиран разглед на Љубљана.
» Можност за посета на Блед и Бохињ (со доплата) 

Љубљана е главниот и најголемиот град во Словенија а истовремено и најмалата престолнина во Европа, познатa по својата бајковитост, отвореност, гостопримливост и прекрасно зеленило. Речиси сите главни знаменитости и атракции може да се разгледаат релаксирано и за релативно брзо време, што остава простор за дополнителни искуства, уживање и авантури. Често споредуван со Прага, Љубљана е градот од вашите детски фантазии. Иако нема принцови кои шетаат по бројните замоци, сепак има некој неопислив шарм кој голем дел од европските градови веќе го изгубиле. – градот кој ги поврзува континентите. Престолнина на три некогашни империи, Римската, Византиската и Отоманската. Сегашниот Истанбул е вистински пример за беспрекорна грижа за историско- културно наследство и висок стремеж кон иднината и современото. Историскиот белег на Истанбул е впечатлив преку бројните џамии, музеи, цркви, дворци и ориентални базари, кои ја формираат неговата уникатна физиономија. И покрај илјадниците години историја, Истанбул се’ уште е на прво место во однос на своето географско значење. Денес тој е огромна метропола која поврзува континенти, култури, религии и е дом на 20 милиони луѓе.

Програма

1 ден. ( 12.12.2023 ВТОРНИК )СКОПЈЕ – ЉУБЉАНА 
Состанок на групата два часа пред лет (во 04:00 часот) на аеродромот во Скопје. Летот за Љубљана W6 7783 е во 06:05 часот. Слетување во Љубљана во 07:45 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола следи разглед на градот:  Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Сместување во хотел. Слободно попладне за уживање во Божиќната магија. Ноќевање.

2 ден. ( 13.12.2023 СРЕДА ) БЛЕД И БОХИЊ 
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или предлагаме факултативен излет до Блед и Бохињ.  Блед – бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природа опкружено со планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Продолжуваме кон Бохињ, и Бохињското глечерското езеро кое е најголемото природно езеро во Словенија и е вклучено во Националниот парк Триглав. Слободно време до поаѓање за Љубљана. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ден. ( 14.12.2023 ЧЕТВРТОК ) ЉУБЉАНА –  СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел до 12 часот. Слободно време за уживање во Божиќната бајка и можност за шопинг. Попладнето трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 21:40 часот со лет бр. W6 7784. Слетување во Скопје во 23:15 часот.

Забелешки

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Авионски превоз на релација  Скопје – Љубљана – Скопје со Wizz Air
• Аеродромски такси
• Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
• Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Љубљана
• Сместување во хотел ibis Styles Ljubljana Centre 3* на база 2 ноќевања со појадок
• Разглед на Љубљана со локален водич според програмата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Доплата за багаж (цените се променливи, информации во агенција при резервација)
• Туристичка такса  7€ (430 денари, се плаќа во агенција)
• Факултативна посета на Блед и Бохињ – 70€ (превоз и локален водич на српски јазик) – резервација се прави при уплата во агенција!
• Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
• Дополнителни оброци и пијалоци
• Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).

ЗАБЕЛЕШКИ:
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 14 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
• Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
• Важна Напомена: авио билетите се не рефундабилни!
 

За оваа програма важат Општите Услови на Патување