емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ХОТЕЛ РАДАН 3*- Пролом бања
ЦЕНОВНИК НА ХОТЕЛ РАДАН ЗА ЈАНУАРИ – ДЕКЕМВРИ 2024 ГОДИНА:
Јануари – Март 55 €
Април – 56 €
01-ви Мај до 20-ти Јуни – 57 €.
20-ти Јуни до 10-ти Септември – 60 €.
10-ти до 30-ти Септември – 57 €.
Октомври – Декември – 55 €.
Цените се изразени во евра од ден по особа на база полн пансион.
*Наведените цени не важат за време на празничните периоди во Србија:01.01.-09.01.2024, 14.02.-19.02.2024,30.04.-06.05.2024,08.11.-13.11.2024 год и 25.12.-31.12.2024 година кога важат посебните празнични пакети.
Основен БО ден значи престој од 2 или повеќе дена и истиот вклучува:
•Лекарски прегледи кај дежурните лекари за време на престојот;
•Балнеотерапија: пиење лековита Пролом вода од изворот, терапија со хидрокинеза (групни вежби во базен со лековита вода),
•Медицински преглед од лекари: 24-часовна медицинска услуга во хотелот, изработка на отпусна листа;
•Секојдневно користење на Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, тепидариум, џакузи базен, отворен затворен базен;
•Секојдневна употреба на внатрешен базен (16x9m) со лековита вода, температура 30°C;
•Секојдневна употреба на надворешни базени со лековита вода (кога дозволуваат временските услови);
•Секојдневно користење на фитнес сала и спортски терени (две асфалтни игралишта за мали спортови: ракомет, одбојка, кошарка); користење на салата за забава: пинг понг, билијард, пикадо, друштвени игри;
•Сместување во двокреветни стандардни соби во хотел Радан: ТВ, WiFi интернет, лековита Пролом вода во сите соби, бањарки, фен за коса;
•Исхрана на база на полн пансион: сите три оброци по принцип на шведска маса;
•Програма за анимација со спа рекреатор: групни вежби во фитнес сала и на отворено, прошетки;
•Данок за престој и осигурување. Цените се дадени по лице на ден во двокреветна соба. Доплати:
•Доплата за еднокреветна соба: 13 € на ден.
•Престој во апартман: 13 € по лице на ден,
Попуст за деца (во придружба на двајца возрасни):
Деца до 7 години се сместуваат бесплатно.
Од 7-12 години: 50% од наведените цени.
Попуст за деца (придружуван од еден возрасен):
Деца до 3 години се сместуваат бесплатно.
Од 3-7 години: 50% од наведените цени.
Факултативна програма:
•Екскурзија до Ѓавоља Варош (споменик на природата и единствен претставник на Србија во изборот за „7 чуда на природата“)
•Екскурзија до Луковска Бања (највисоката бања во Србија, 37 извори на термална вода)
•Екскурзија до Куршумлија (првата престолнина на Србија, со манастири од 12 век) и неолитската населба Плочник;
•Постои можност за организирање на екскурзии со хотелски водич до градовите и населбите во околината: Ниш, Крушевац, Копаоник.