Куршумлиска Бања 8ми Септември 

Програма на патување:

Прв ден  05.09.2026 (сабота) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА 

Состанок на групата во 05.30ч кај спортса сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Дневно патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во хотел Планинка 4* и сместување по соби. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА и велнес содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.

Втор ден 06.09.2026 (недела) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА

Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација: користење на базените со термо минерална вода, сауни, солена соба, пешачки прошетки низ бањските паркови и уживање во природата на Копаоник. Вечера. Ноќевање.

Трет ден 07.09.2026 (понеделник) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА

Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација: користење на базените со термо минерална вода, сауни, солена соба, прошетки уживање на падините на шумовитиот Копаоник. Вечера. Ноќевање.

Четврти ден 08.09.2026 (вторник) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА

Појадок. Напуштање на собите според хотелско правило. Слободно време за индивидуални активности или користење СПА до заминување. Поаѓање кон Македонија во договорено време со придружникот на групата. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. 

ПРОМО цена до 15.072026 – 269€ / 16.678 ден

Редовна цена – 289€ / 17.918 ден

(за минимум 2 лица во соба, уплата во денари по курс 1€ = 62 ден)

Во цената е вклучено:

• Превоз со високотуристички автобус

• 3 ноќевања со полупансион во Хотел Планинка 4* (појадок и вечера на база шведска маса) 

• Користење базени со термо минерална вода со температура 33-35⁰C.

• СПА содржини: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, тепидариум, Kneipp патека

• Фитнес сала, сала за игри (пинг-понг, билијард), детска игротека

• Туристичка такса

Во цената не е вклучено:

• Патничко и здравствено осигурување

• Индивидуални трошоци како пијалоци, масажи и др. 

Попусти и доплати:

• Дете 2–7 год. со 2 возрасни – гратис, плаќа само превоз: 35€/2.170 ден

• Дете 7–12 год. со 2 возрасни 50% попуст на цената на аранжманот 

• Еднокреветна соба – доплата: 30€/1.860ден 

• Одбирање седишта – 10€ (мин. 2 седишта)

Напомени:

• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (мин. 3 месеци пред истек) или валидна лична карта.

• За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на патувањето во случај на недоволен број на патници најдоцна до 7 дена пред патувањето. 

• Резервација се прави со презимиња имиња како од пасош и уплата на депозит од најмалку 30%, доплатата потребо е да се регулира најдоцна до 20 дена пред патувањето.

• Седиштата се доделуваат по редослед на уплата, избор на седиште со доплата 

• Агенцијата го задржува правото за промена на редослед на активности во случај на потреба. 

• За овој аранжман важат Општите услови за патување .