емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
БУДИМПЕШТА 08.12

Термин 04.12-07.12.2026
Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.
Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 449 € / 27.840 мкд
ПРОМО ЦЕНА: 379 € / 23.498мкд
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Авионска карта на релација Скопје-Будимпешта-Скопје со Wizzair
Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Аеродромски такси
Три ноќевања со појадок,во хотел со 3*
Бесплатен рачен багаж 40 x 30 x 20 cm
Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Будимпешта
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг
(цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Влез во туристичките знаменитости и музеи
Посета на Сент Андреа и Вишеград – 25 евра
Крстарење по Дунав- 25 евра
Туристичка такса 5 евра по лице се плаќа во агенција
Патничко и здравствено осигурување 250 мкд
Индивидуални трошоци
Доплата за еднокреветна соба- 3.350 мкд
ПРВ ДЕН – (ПЕТОК) 04.12.2026 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 5:55 часот. Директен лет од Скопје со авиокомпанијата Wizz Air во 07:55 ч. Пристигнување во Будимпешта во 09:20 ч. По пристигнувањето следува организиран трансфер и панорамски разглед на градот: Széchenyi Chain Bridge – најпознатиот синџирест мост, Elisabeth Bridge, споменикот на St. Gellért, Margaret Bridge, Gellért Hill – со еден од најубавите панорамски погледи на градот, како и Matthias Church. катедралата Св. Стефан, замокот Vajdahunyad, плоштадот на хероите, Цитаделата, Рибарската тврдина, Будимскиот замок (Кралската Палата). Изборно – Влез во катедралата, во Рибарската тврдина, замокот Vajdahunyad, Будимскиот замок.Пристигнување во хотел и сместување. Вечерта можност и посета на CHRISTMAS MARKET. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – (САБОТА) 05.12.2026 БУДИМПЕШТА СЕНТ АНДРЕА КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ
Појадок. Појадокот. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Вечертa одиме на факултативно крстарење по реката Дунав. По завршување посета на Божиќниот пазар на некој од плоштадите во Будимпешта. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – (НЕДЕЛА) 06.12.2026
Појадок. Слободен ден за шетање и уживање во божиќната магија и CHRISTMAS MARKET. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – (ПОНЕДЕЛНИК) 07.12.2026- БУДИМПЕШТА – АЕРОДРОМ
Во раните утрински часови организиран трансфер до аеродром. Директен лет од Будимпешта до Скопје со авиокомпанијата WIZZ AIR во 05:55ч. Пристигнување во Скопје во 07:20ч.
НАПОМЕНИ:
– Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
– Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
– При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
– Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
– Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка. -Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.







