емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Прага Божиќен Пазар

Програма на патување:
04.12.2026 (петок) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата во 10.30 часот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Чешка во 11:00 часот (претпладне). Дневно и ноќно возење низ Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и обавување на пасошки и царински формалности.
05.12.2026 (сабота) ПРАГА
Пристигнување во Прага во претплaдневните часови. Следи разглед на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во договорено време со водичот собирање на групата и сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
06.12.2026 (недела) ПРАГА – ДРЕЗДЕН БОЖИЌНИ ПАЗАРИ
Појадок. Ден предвиден за целодневен факултативен излет до Дрезден, главниот град на покраината Саксонија. Расположен на бреговите на реката Елба, градот е познат како „Фиренца на Елба“ поради богатото културно наследство и впечатливата архитектура. Прошетка низ стариот дел на градот, каде се издвојуваат Палатата Звингер, Богородичната црква – Frauenkirche, Кралската палата, Палатата Ташенбер и Августовиот мост.
Посебно доживување е посетата на прочуениот божиќен пазар Striezelmarkt, со вековна традиција. Украсените дрвени куќички нудат рачно изработени украси, дрвени сувенири и традиционални германски специјалитети. Слободно време за купување подароци, дегустација на познатиот божиќен колач Dresdner Stollen и уживање во празничниот амбиент, исполнет со мирис на печени бадеми, цимет и греено вино.
Враќање во Прага. Слободно време за индивидуални прошетки низ празнично украсениот центар и посета на божиќните пазари на Стариот градски плоштад и Вацлавскиот плоштад. Осветлените историски градби, големата елка и бројните празнични куќички му даваат посебен шарм на градот. Можност да пробате традиционални чешки слатки и топли напитоци, да изберете сувенири или едноставно да уживате во вечерната атмосфера околу Астрономскиот часовник и старите градски улици. Ноќевање.
07.12.2026 (понеделник) ПРАГА – ПАРНДОРФ (ШОПИНГ) – ВИЕНА БОЖИЌЕН ПАЗАР – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон Виена во 08:00 часот со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. Време предвидено за шопинг, кафе, ручек и индивидуални прошетки (околу 2,5 часа). Патувањето продолжува кон Виена. По пристигнувањето, следи панорамски разглед на градот со автобус: Стефан Плац, Катедралата Св. Стефан и поширокото централно градско јадро. По панорамскиот разглед, следи посета на божиќниот пазар на Rathausplatz, пред Градското собрание, и слободно време за уживање во празничната атмосфера на Виена. Во декември, австриската престолнина добива посебен сјај: осветлените булевари, украсените излози и раскошните историски градби создаваат прекрасен амбиент за вечерна прошетка. Ве очекуваат празнични дрвени куќички со рачно изработени подароци, божиќни украси и традиционални австриски специјалитети. Мирисот на печени костени, слатки со цимет и топло греено вино го надополнува доживувањето, додека големата елка и светлосните декорации го претвораат плоштадот во омилено место за празнични фотографии.
Во договореното време, поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување на пасошки и царински формалности. Предвидено пристигнување во Скопје следниот ден во претпладневните часови.
ПРОМО за комплетна уплата до 30.10.2026 – 179€/11.098 ден
Редовна цена на аранжманот 199€/12.338ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз со високо туристички автобус
– Сместување во хотел со 3* во Прага на база 2 ноќевања со појадок
– Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
– Организирани посети според програмата
– Комплетна организација и реализација со лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжителен разглед на Прага со локален водич 20€ (доплата во автобус)
– Факултативно вечерно крстарење по В`лтава 25€ (плаќање на лице место)
– Факултативна посета на Дрезден 50€ (доплата во автобус)
Промо пакет излети: 90€ (разглед Прага со локален водич, крстање по В’лтава, посета на Дрезден)
– Индивидуално патничко и здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 70€/ 4.340мкд
– Туристичка такса 10€ евра по лице за престој (доплата во автобус)
Важни напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување .











