8МИ ДЕКЕМВРИ – БУДИМПЕШТА & ВИЕНА 

БОЖИЌНА МАГИЈА ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПА

Цена на аранжманот 279 евра по лице/ 17,298мкд

ПРОМО ЦЕНА 249 евра по лице / 15.440 мкд

Будимпешта и Виена – две прекрасни европски престолнини кои во предбожиќниот период се претвораат во вистинска празнична бајка. Улиците и плоштадите блескаат под илјадници светилки, украсените елки создаваат магична атмосфера, а мирисот на варено вино, цимет, печени костени и традиционални божиќни специјалитети се чувствува на секој чекор.

🇭🇺 Будимпешта, позната како „Бисерот на Дунав“, плени со својата раскошна архитектура, величествените мостови и прекрасните погледи кон Дунав. Во овој период посебно доживување се нејзините Божиќни пазари, исполнети со украсени дрвени куќички, рачно изработени сувенири, локални деликатеси и празнична музика.

🇦🇹 Виена, градот на империјалниот раскош и музиката, за Божиќ добива посебна магија. Нејзините познати Божиќни пазари, раскошно украсените улици и знаменитостите како Шенбрун, Хофбург, Белведере и катедралата Св. Стефан создаваат атмосфера како од најубавите божиќни разгледници.

🎁 Две престолнини, два прекрасни Божиќни пазари и едно незаборавно празнично патување – Будимпешта и Виена во најубавиот период од годината!

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

-Превоз со високо туристички автобус
-2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будимпешта
-1 ноќевање со појадок во хотел со 3 * во Виена
-Разглед на Виена со локален водич
-Посета на CHRISTMASMARKETсо јавен превоз
-Организација и водство на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Разглед на Будимпешта со локален водич (20 еур)
-Факултативно крстарење по Дунав ( 25 еур)
-Факултативна посета на Сент Андреа (25 еур)
-Патничко и здравствено осигурување 250 мкд
-Посета на дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60€ ( задолжителна резервација при уплата)
-Индивидуални трошоци
-Билети за јавен превоз
-Доплата за еднокреветна соба-3.350мкд
-Туристичка такса 5 евра по лице се плаќа во автобус


ПРВ ДЕН-03.12.2026 (Четврток) Скопје – Будимпешта
Состанок на групата на паркингот пред хотел Русија во 16.00час. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

ВТОР ДЕН-04.12.2026 (Петок) Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта. Разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот сместување во хотел.Слободно време за одмор  и посета на CHRISTMASMARKETНоќевање.

ТРЕТИ ДЕН-05.12.2026 (Сабота) Будимпешта -Сент Андреа – Крстарење по Дунав

Појадокот. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Вечертa одиме на факултативно крстарење по реката Дунав. По завршување посета на Божиќниот пазар на некој од плоштадите во Будимпешта. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН-06.12.2026 (Недела) Будимпешта-Виена
Појадок. Одјавување од хотел и заминување кон Виена.
Пристигнување во Виена и одиме на панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Сместување во хотел Вечрна прошетка низ Виена и посета на CHRISTMASMARKET Ноќевање

ПОСЕЛДЕН ДЕН -07.12.2026 (Понеделник ) Виена – Скопје
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). По завршување во договорено време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

НАПОМЕНА:

 Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. 
 – За ова патување важат општите услови за патување .