ВЕНЕЦИЈА за 23-ти Октомври

Италијанска Авантура за 23 Октомври

* ПРОМО ЦЕНА: 159€ со задолжителна резервација на пакетот факултативи 85€ (плаќање во автобус) / РЕДОВНА ЦЕНА: 189€

ВЕНЕЦИЈА – Градот на вода и бисерот на Јадранското Море. Дестинација која секој љубител на убавината треба да ја посети барем еднаш во животот. Градот на маските, Карневалот, креативноста и љубовта, заслепен од убавината на нејзините канали и историја.

МИЛАНО & ВЕРОНА – Милано зрачи со мода, светска елеганција и супериорна готска архитектура, додека Верона – градот на Ромео и Јулија – плени со својата античка Арена и романтични средновековни улички.

Сместување: Хотел 3★ (Лидо ди Јесоло или областа Венето). Сместувањето е организирано во соодветен хотел со 3 ѕвезди во Лидо ди Јесоло или во областа Венето, на база 2 ноќевања со континентален појадок (шведска маса).

1 ДЕН: 22.10.2026 (четврток) — МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА – ХРВАТСКА – СЛОВЕНИЈА

Состанок на групата во Велес (Автобуска станица) и Скопје (кај хотел Континентал) во периодот помеѓу 12:00 и 14:00 часот. Поаѓање преку граничниот премин Табановце. Патувањето продолжува со дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори и гранични формалности.

2 ДЕН: 23.10.2026 (петок) — ТРСТ – DESIGNER OUTLET NOVENTA DI PIAVE – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Трст во утринските часови. Разглед на градот со придружник (околу 2 часа). Потоа се упатуваме кон еден од најпознатите шопинг центри во Италија – Designer Outlet Noventa di Piave (слободно време за шопинг околу 2 часа). По шопингот, поаѓање кон хотелот. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло или областа Венето. Ноќевање.

3 ДЕН: 24.10.2026 (сабота) — ВЕРОНА & МИЛАНО

По појадокот, поаѓање кон Верона. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа римската Арена, со прошетка по познатата улица Mazzini до плоштадот Ербе, плоштадот „Dei Signori“ со статуата на Данте и дворот на куќата на Јулија (влезница за дворот од 5€ или куќата/балконот од 12€ се плаќа на лице место по желба). По слободното време во Верона, продолжуваме кон градот на модата – Милано. Разглед на градот со водич: тврдината Сфорцеско, централниот плоштад Piazza Duomo со величествената катедрала, шопинг улицата Via Vittorio Emanuele, пасажот Galleria Vittorio Emanuele II и Миланската опера La Scala. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ДЕН: 25.10.2026 (недела) — ПУНТА САБИОНИ – ВЕНЕЦИЈА – МАКЕДОНИЈА

Појадок и одјава од хотелот. Трансфер до пристаништето Пунта Сабиони. Возење со брод „вапорето“ до срцето на Венеција. Разглед на Венеција со водич: Плоштадот и Базиликата Св. Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто и Каналот Гранде. Слободно време за прошетки и ручек. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

5 ДЕН: 26.10.2026 (понеделник) — ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Патување преку Словенија, Хрватска и Србија. Пристигнување во Скопје и Велес во пладневните часови.

159€ (+85€ задолжителен пакет) 189€


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација со високотуристички автобус.
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3★ во Лидо ди Јесоло или областа Венето.
  • Разгледи според програмата.
  • Посета на Трст и Designer Outlet Noventa di Piave.
  • Услуги од професионален туристички водич – придружник.
  • Автобуски превоз Велес,Скопје,Кавадарци,Штип,Куманово

Во цената не е вклучено:

  • Задолжителна туристичка такса за хотелот: 5€ по лице.(агенција)
  • Задолжителна такса за влез во Венеција: 5€ (се плаќа на лице место).
  • Влезници за куќата/дворот на Јулија (5€ за дворот / 12€ за куќата/балконот).
  • Задолжително патничко – здравствено осигурување за целиот престој.
  • Влезници за останати локалитети и музеи.

Индивидуални трошоци.

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
– За овој аранжман важат Општите услови за патување .