емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866

БЕЛГРАД
1 ден 30.12.2024 (Понеделник ) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата во 02:00 часот Дрво Декор. Куманово 02:45 часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 09 часот. Следи организиран разлгед со локален водич, со посета на: Црква „Св. Сава“(влезница не е вклучена), Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, панорамски разглед на стадионот на ФК Црвена Звезда, атрактивниот дел на градот – Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица – Кнез Михајлова.Во договорено време со групата враќање во хотел. Слободно време за одмор.Ноќевање.
2ден 31.12.2024 (Вторник ) БЕЛГРАД – НОВИ САД – БЕЛГРАД
Појадок. По појадокот, организиран факултативен излет до Нови
Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската
улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот
со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската
тврдина.. Враќање во попладневните часови во хотел. Вечерта,
организиран трансфер од хотел до центар на Белград и
повратно, за дочек на Нова 2025 Година, по Ваша желба може да
прославите на плоштад или посетите некој од бројните ресторани
низ скадарлија како и познатите дискотеки.Доколку постои
можност заминување на Београд на води.
Индивидуално.Организирано враќање со автобус од центарот во
1часот по полноќ. Ноќевање.
3ден / 01.01.2025 (Среда ) БЕЛГРАД-СКОПЈЕ
- Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Се упатуваме кон
- трговскиот центар Ушче.(доколку работи) Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.. во
- договореното време, поаѓање кон Скопје. Во 15часот заминување за Македонија.Пристигнување во
- вечерните часови.
Цена на аранжманот: 165 € / 10.230 мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
превоз на наведената релација со туристички автобус
Разглед на Белград со локален водич;
2 ноќевања со појадок во Hotel Abba 4*
Организација и реализација на патувањето со придружник од агенцијата;
посета на шопинг центар Ушче, доколку работи
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Опционална посета на Нови Сад – 25 €
- Туристичка такса – 200мкд по лице за цел престој (се плаќа во агенција при резервација / задолжитено);
- Доплата за 1/1 соба 50€
- здравствено патничко осигурување 5€
- Влезница во Св. Сава како и други историски знаменитости.
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници за автобус.
- Може да се патува и со лична карта;
- За реализација на опционалната посета на Нови Сад потребно е минимум 35 пријавени лица


