емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ДОЧЕК НА НОВА 2025 ГОДИНА-ЗЛАТИБОР
(Дрвенград-Врњачка Бања)
(30.12.2024 – 02.01.2025)
30.12.2024 (понеделник)
23:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 01:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции)кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Прв ден: 31.12.2024 (вторник)
Пристигнување на Златибор во утринските часови. Сместување на групата во хотел „Cigota“ 3*** (www.cigota.rs). Слободен ден за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор, градот кој е подготвен за највеселата ноќ. Кога ќе зачекорите низ овој туристички центар, првото нешто што ќе Ви го привлече вниманието е Златиборското Езеро. Веднаш над езерото се наоѓа Кралскиот Плоштад со огромно шеталиште, а од таму патот Ве води до малиот трговски центар во кој се наоѓаат голем број ресторани и бутици. Можете да се возите на најдолгата панорамска гондола на светот, Златната гондолакоја го поврзува Златибор со скијалиштето Торник, највисокиот врв на планината. Слободно попладне за одмор и за релаксација во базенот во хотелот (бесплатно користење). Хотелот располага и со модерен релакс центар чии услуги можете да ги користите со доплата (две фински сауни, парно купатило со арома терапија, две хидро-кади, солариум). Вечера во ресторанот на хотелот. Вечерта, организиран Дочек на Новата 2025 година на Кралскиот Плоштад со богата музичка програма. За забавата се ангажирани Пеѓа Јовановиќ и трубачкиот оркестар на Дејан Јевџич. Ноќевање.
Втор ден: 01.01.2025 (среда)
Појадок. Заминуваме кон Мокра Гора на ридот Меѓавник каде по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица е изградено етно селото Дрвенград. Самиот Кустурица за Дрвенград ќе рече: „Измислив град кој изгледа како во него отсекогаш да се живеело. А не се живеело никогаш“. Изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“, селото потсетува на вистински град: на самиот влез има голема влезна капија од каде започнува главната улица која се протега се до другиот крај каде се наоѓа мала дрвена православна црква со дрвено ѕвонче посветена на Свети Сава, градена по угледот на руските црквени брвнари. Во централниот дел на селото е плоштадот поплочен со дрвени коцки и опколен со брвнари кои се автентични и пренесени од околните села. Во секоја од нив се содржините карактеристични за секој град: хотел Меќавник, галерија со слики, библиотека, кино сала сместена под земја, слаткарница со домашни колачи и природни сокови, национален ресторан и продавница со народни ракотворби од тој крај… Улиците во селото добиле имиња по познати личности од науката и културата. Така, главната улица го носи името на Иво Андриќ, а покрај неа се улиците Ернесто Че Гевара , Диего Марадона, Миодраг Петровиќ Чкаља, а една улица го носи и името на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Стручното жири на Бриселската Фондација за архитектура оваа градба ја прогласила за најдоброто архитектонско остварување во изминатите три години во Европа. Дрвенград веќе има статус на град хотел со 4 ѕвезди, , исто како што е Свети Стефан во Црна Гора. Слободно време за разгледување на етно селото и за уживање во вкусните специјалитети во ресторанот и слаткарницата. Враќање во Златибор. Вечера во хотелот. Вечерта, реприза на новогодишната вечер на Кралскиот Плоштади забава со Владо Георгиев. Ноќевање.
Трети ден: 02.01.2025 (четврток)
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……… 179евра (11.100 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус
– Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Cigota“ 3***во Златибор
– Користење на базенот во хотелот
– Организирана посета на етно селото Меѓавник на Дрвенград со вклучена влезница
– Посета на Врњачка Бања
– Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
– Користење на релакс центарот во хотелот
– Доплата за еднокреветна соба – 30 евра (за двете вечери)
– Туристичка такса – 1.50 евра по лице од ден (се плаќа во агенцијата)
– Патничко осигурување
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници