Шпанија со директен лет од Скопје!

Атрактивна топ дестинација за Лето 2025

Единствено со „Атлантик Турс“ ќе имате можност ова лето да уживате во прекрасната Малага, медитеранскиот град кој има 320 сончеви денови годишно, богата уметност и неодолива храна. Torremolinos e туристичкото место во кое ќе летуваме, на брегот на Алборанското Море на песочната плажа позната во светот исто како и целиот регион по името „Costa del Sol“. По целата нејзина должина од над 7 километри има преубаво широко шеталиште.  

Сместувањето е во хотелскиот комплекс „Hotel ApartamentosBajondillo“ 4 **** (https://www.bajondillo.com/)      Совршен! Голем, простран, лоциран на самиот морски брег. Сите хотелски апартмани имаат прекрасен поглед на море и се комплетно опремени со мини кујни со фрижидер за самостојно подготвување на лесни оброци, бесплатен Wi-Fi, клима уред, централно греење, сателитска ТВ со национални и меѓународни канали, телефон во собата и сеф (со доплата). Хотелскиот комплекс располага со надворешен базен кој е достапен за користење на гостите во хотелот. Сместувањето е на услуга ноќевање со одличен појадок на шведска маса (можност со доплата да се користи вечера во хотелскиот ресторан).

Torremolinos е местото каде се утрата најубави… Одлично е поврзано со Малага, Севиља,  Гранада и Кордоба… Изобилува со ресторани и продавници. И е предизвик за одмор од соништата!

Сите термини се гарантирани… Резервирани соби во хотелот и авионски билети… Обезбеден трансфер од аеродромот до хотелот и обратно… Претставник од агенцијата за време на Вашиот одмор! Ви останува само уште навреме да резервирате по промотивните цени… Местата се лимитирани и нема можност за проширување на групите!!!

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Авионски билет Скопје – Франкфурт – Малага – Франкфурт – Скопје

– Чекиран багаж до 20 кг и рачен багаж до 8 килограми

– Аеродромски такси

– Трансфер аеродром – хотел – аеродром

– 6 ноќевања со појадок на богата шведска маса во Hotel ApartamentosBajondillo“ 4 * (5 ноќевања во последниот термин)

– Лиценциран туристички придружник од агенцијата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Туристичка такса: 1,5 евра по лице на ден (се плаќа во агенцијата)

– Користење лежалкa на базенот – 3 евра од ден ( се плаќа дирекно во хотелот)

Начин на плаќање:

– Промотивна цена за early booking до 23.12.2024 – 50% од аранжманот.

– Целосна доплата на аранжманот 30 дена пред терминот за поаѓање.

Резервација по редовна цена: 30% од аранжманот. Целосна доплата на аранжманот 30 дена пред терминот за поаѓање.

Плаќање во денарска противвредност по курс 62 денари.