ШПАНИЈА – КОСТА БРАВА

Сместена северно од прекрасната Барселона, Коста Брава е една од најпосакуваните и најпосетувани туристички региони за летен одмор во Шпанија. Со своите златни песочни плажи, тиркизно сини води и живописни крајбрежни села, оваа област нуди совршена комбинација од релаксација и забава.

Сместена северно од прекрасната Барселона, Коста Брава е една од најпосакуваните и најпосетувани туристички региони за летен одмор во Шпанија. Со своите златни песочни плажи, тиркизно сини води и живописни крајбрежни села, оваа област нуди совршена комбинација од релаксација и забава.

Градчињата Калеља, Пињеда де Мар, Санта СузанаМалграт Де Мар, Бланес, живописниот и секогаш забавен Лорет де Мар се меѓу најпопуларните летувалишта во овој дел од Шпанија, познати по својата топла гостопримливост, модерни хотели и активности за сите возрасти. Долгите прошетки покрај морето, извонредната гастрономска понуда и богатата културна историја се само дел од она што ја прави Коста Брава посебна. Но она што го прави северот на Коста Брава вистински неизбрусен дијамант на западниот Медитеран се скриените заливи опкружени со прекрасна природа, опуштените рибарски населби со старите пристаништа, вистински свежата медитеранска кујна…

Дополнителен бонус е близината на каталонската убавица Барселона – само на кратко растојание од Коста Брава, на помалку од 1 час возење со директен воз можете да го истражите овој космополитски град, познат по архитектонските ремек-дела на Гауди, богатата уметничка сцена и динамичниот ноќен живот. Возовоите од летувалиштата во Коста Брава се обраќаат кон Барселона во текот на целиот ден, со што овозможуваат лесна и евтина достапност на овој град со непроценливо архитектонско, уметничко и културолошко богатство.

Во овој регион се наоѓаат и места кои посебно би ги издвоиле заради нивното значење.
Гирона кој е еден од најстарите градови на Каталонија со прекрасен Еврејски кварт; Фигерас – родното место на Салвадор Дали, креаторот на најубавите објекти во Барселона и Емпуриес, а денес дом на музејот со негови неверојатни уметнички дела.

Без разлика дали барате мирен одмор со семејството или авантура со пријателите, Коста Брава е дестинација која ги исполнува сите очекувања. Откријте ја убавината на каталонското крајбрежје и создадете незаборавни спомени!